РЕКОМ мрежа за помирување

Коалицијата за РЕКОМ е мрежа на организации на цивилното општество (ОЦО) од постјугословенските земји, кои се залагаат за основање на РЕКОМ – Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права сторени на територијата на некогашна СФРЈ од 1 јануари 1991 до 31 декември 2001 година.

Коалицијата за РЕКОМ е формирана на 28 октомври 2008 година во Приштина, Косово, во рамки на Четвртиот форум за транзициска правда во постјугословенските земји, и тоа со одлука на 100 организации и здруженија кои учествуваа на форумот, односно на невладини организации кои се занимаваат со човековите права, организации на младите, здруженија на семејствата на исчезнатите и здруженија на бивши логораши. Оттогаш до денес, Коалицијата за РЕКОМ обедини 2050 невладини организации кои се занимаваат со човековите права, здруженија на логораши, здруженија на бегалци, здруженија на семејствата на исчезнатите, уметници, писатели, правници и други истакнати интелектуалци, кои ја заговараат идејата земјите настанати на територијата на бивша Југославија да формираат регионална комисија со задача да ги утврди фактите за она што се случувало во недамнешното минато.

Со Коалицијата за РЕКОМ управува Собранието на членовите и членките на Коалицијата. Техничка и стручна помош на Коалицијата ѝ дава регионалниот совет, составен од иницијаторите на Иницијативата за РЕКОМ, Наташа Кандиќ и Весна Тершелиќ, како и претставници на ОЦО кои учествуваат во проектот РEKOM. Со проектот раководи Наташа Кандиќ. Регионалниот совет е, исто така, одговорен и за спроведување на заклучоците на Собранието на Коалицијата за РЕКОМ. За политичкото заговарање надлежни се јавните заговарачи: проф. д-р Жарко Пуховски (Хрватска), проф. д-р Здравко Гребо (БиХ), проф. д-р Жидас Даскаловски (Македонија), новинарите – Адриатик Келменди (Косово), Џенана Каруп-Друшко (БиХ), Динко Грухоњиќ (Србија) и Душко Вуковиќ (Црна Гора), Дино Мустафиќ (театарски режисер) и Наташа Кандиќ (активист во областа на човековите права).

Статут на Коалицијата за РЕКОМ

Тела на Коалицијата за РЕКОМ

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.