РЕКОМ мрежа за помирување

1517673_980881958625675_3747239122867338709_n

22.03.2016.

Дебата во Подгорица: Како политичарите гледаат на процесот на помирување во регионот? [извештај]

Центарот за граѓанско образование (ЦГО) и Коалицијата за РЕКОМ, на 17 март 2016 година во ПР Центарот ја организираа втората по ред дебата за помирувањето, на тема „Како политичарите гледаат на процесот на помирување во регионот?

Далиборка Уљаревиќ, извршната директорка на ЦГО, на отворањето на дебатата истакна: „Многу е важно да се инсистира на поголемата одговорност на политичарите кога станува збор за соочувањето со минатото. Токму политичката калкулација со човечките трагедии дополнително виктимизираше многу жртви, а создаде и нови. Не е доволно декларативното, и во „соодветни“ прилики да се изговори некоја политичка крилатица. И на минатата дебата укажавме дека во многу земји во регионот, политичките структури, обликувани во текот на воените години, а постоечки и денес, остануваат клучниот кочничар за воспоставување на одговорноста за злосторствата и процесирањето на злосторниците“. Таа додаде и дека „политичарите мораат да излезат надвор од рамките на дневно-политичката тактика и дијалектика, тие мораат да бидат способни да креираат општествен контекст кој ќе бара правда за жртвите, вистина за злосторствата, како и правична казна за сторителите и налогодавачите. Тоа е предуслов за општествата на Балканот себе да се изградат во согласност со граѓанските вредности, правата и слободите на секој поединец“.

IMG_3655

Таа посебно го проблематизираше прашањето на заборавот: Можеби заборавот би бил најприфатлив за политичарите. Но, дури и оние кои површно ја знаат историјата на овие простори, а во неа со векови се форсираат и на пиедестал се ставаат судирите, а не позитивните примери на соживот, знае дека обидот за заборав е всушност првиот чекор кон некоја наредна трагедија. Имено, политиката флертува со ксенофобијата, придонесувајќи за одржување на замаглениот поглед“. Таа укажа и на ограничувањата на правосудството: „Вистината за злосторствата може да се појави само пред вистински независни правосудни органи. А имаат ли нашите постконфликтни општества независни правосудства, способни со полн капацитет, да покренуваат обвиненија и да судат за воени злосторства? Дали и во која мерка политичката елита дозволува таква работа на правосудството и дали самото правосудство има професионализам и интегритет да ја работи својата работа со доследна примена на законот, независно од тоа дали нивната работа ќе им биде по волја на политичките центри на моќ?. Уљаревиќ нагласи дека „политичарите не го гледаат својот интерес во адекватното бавење со прашањата на соочување со минатото, бидејќи тоа не е проценето како тема на која се стекнуваат популарни поени во јавноста“, укажувајќи на значењето на активностите на цивилното општество, а особено на Иницијативата за РЕКОМ.

Проф. д-р Жарко Пуховски, јавен заговарач на Иницијативата за РЕКОМ, укажа на различните пристапи во „повоената нормализација на животот со полагање сметка за она што се случило во војната“ наведувајќи дека Италија е единствена држава во Европа во која ниту еден граѓанин никогаш не бил казнет за воени злосторства. Дури и во Швајцарија и во Шведска имаше луѓе казнети за воени злосторства, но не и во Италија. Италија ги казнуваше само германските војници. Тоа беше консензус на кој повоеното италијанско општество успеваше релативно добро“, рече Пуховски.

Наспорти тоа, како што додаде, западна Германија најрадикално го спроведе соочувањето со минатото,благодарение на генерацијата од шеесет и осмата и на тоа што беше создадена атмосфера во која тоа стана некој вид на пристојност“.

Помеѓу тоа функционира настојувањето да се востанови Европската унија (ЕУ). Во основа, ЕУ почива на обидот да се заборави минатото, и од ЕУ не треба да се очекува посериозна помош во врска со тоа. Тоа не е на нејзиниот дневен ред, наведе Пуховски.

Тој потсети дека воените злосторства оставија такви рани, коишто не можат лесно да се залечат. „Во регионот имаме парадоксална ситуација во која во двете водечки држави на чело се наоѓаат оние кои пред дваесет години би се одрекле од денешните себе, а во друга ги имаме на власт оние кои не беа вклучени во случувањата од деведесеттите, но се обидуваат да ја обноват таквата атмосфера, појасни Пуховски. Тој оценува дека политичарите го посматраат процесот на помирување, но во него не учествуваат. Нагласи дека во основата на воените злосторства и на сите процеси на овие простори лежи етноетикаодносно, стојалиштето според кое припаѓањето на една средина значи и гаранција за постоење одредени особини“.

Пуховски укажа и на терминот „морален идиотизам“ кој се однесува на состојбата на свеста во која поединците не ги слушаат моралните поуки, односно критики. Процесот на помирување потсетува на отворање на Пандорината кутија, бидејќи доскоро луѓето немаа во свеста дека всушност на овие простори се одигра војна“, додаде тој. Зборувајќи за остварувањата на помирувањето во регионот, тој оцени „Тоа може да се реши на два начини – едниот е оној на кој се инсистира веќе долго време, а тоа е притисокот однадвор, од цивилното општество. Но, тоа има свои граници. А вториот начин се однесува на она што би требало допрва да се започне, оној однатре, од политичката класа. Затоа толку се очекува од луѓето кои имаат политички функции, да сторат нешто по ова прашање однатре“.

Исто така, тој предупреди дека освен за правосудните исходи за воените злосторства треба да се води сметка и за оние кои влијаат врз промената на свеста. „За мене, денес клучен збор е „посрамотување“. Мене како граѓанин ме интересира предмет на срамотење да бидат сите оние кои биле во ланецот на командување, како и да се посрамотуваат политиките кои го овозможувале тоа“.

Рифат Растодер, претседател на Одборот за политички систем, правосудство и иправа на Собранието на Црна Гора и потпретседател на СДП, наведувајќи дека улогата на Црна Гора во овие случувања била специфична, бидејќи имала повеќе улоги, почнувајќи од тоа дека „била една од првите мети и жртви“, но и на тоа дека „во Црна Гора немаше меѓунационални судири, освен еден период на политичко и цивилизациско паѓање кога е депортиран еден број бегалци од БиХ“, како и дека „првото обвинение за воено злосторство против цивилно население е подигната во Црна Гора“. Тој нагласи дека црногорските политичари, меѓу првите во регионот, се поклонија пред жртвите на геноцидот во Сребреница.

Од друга странаи во Црна Гора, како и во име на Црна Гора, на другите подрачја на нашата бивша заедничка татковина, беше извршен еден број злосторства, кои не само што не се до крај апсолвирани, туку за тоа едноставно, и покрај сите инсистирања, немаше доволно ниту политичка ниту институционална волја, нагласи Растодер правејќи осврт на девет случаи на воени злосторства, кои се формално-правно третирани и опоменувајќи на бројни кои не се адекватно обработени, ниту на тоа формално ниво.Колку што ми е познато, злото го започнаа и чинеа тогашните политички олигархии и нивните, по природа на нештата, инструментализирани војски и паравојски – вооружени и пропагандни. И повторнотие исто политички олигархии беа првите кои меѓусебно се помирија. Ни тогаш, ни сега граѓаните и народите никој ништо не ги ни праша“, подвлече Растодер. Тој, исто така, потсети дека со години се заговара формирање на Документациско-истражувачки центар за собирање на релевантната документација за овие случувања, како и за истражување на причините и начините на масовни страдања на луѓето во нив, без оглед на нивната етничка, верска, политичка или каква било друга индивидуална или политичка припадност, што според него е предуслов за зачувување на колективното паметење и не само важна претпоставка на какво било помирување, туку и уште поважен елемент на превентивните мерки кои ќе спречат повторување на слични страдања“. Тој ја обвини Владата дека го опструира формирањето на овој Центар користејќи ја максимата дека „минатото треба да се заборави.

Марија Маја Ќатовиќ, потпретседателка на Одборот за европски интеграции на Собранието на Црна Гора и членка на Претседателството на ДПС, се осврна на различитоста и на геостратегиската специфичност на Балканот, како и на тоа дека земјите на западен Балкан во транзицискиот период ги карактеризираат серија реформски процеси, меѓу кои, според нејзините зборови, најзначаен е процесот на европски интеграции.Регионалната соработка е еден од клучните елементи на интеграцискиот процес, а самата брзина на процесот на европски интеграции несомнено зависи и од меѓусебната соработка на државите на Балканот и од нивната подготвеност на припаѓаат на обединета Европа. Обединувањето околу единствената заедничка цел – да се стане членка на ЕУ, во која на иста маса ќе преговараат и одлучуваат со сите држави членки, но и ќе тежнеат кон што позначајна позиција, еден е од заедничките именители на помирувањето на државите во регионот, појасни Ќатовиќ. Зборувајќи за конкретните случаи на процесирани воени злосторства во Црна Гора, таа порача: „За работата во оваа област секако би требало да зборуваат надлежните, но јас како пратеничка навистина ги очекувам резултатите на Обвинителството, а со цел обезбедување на правдата и обесштетување за воените злосторства“.

Момо Копривица, потпретседател на Демократска Црна Гора, смета дека помирувањето е повеќе морална и човечка, отколку политичка обврска. Но, како политичари немаме право на рамнодушност кога се во прашање човечки страдања и неоткриените и необележани гробови. Немаме право на малодушност кога е во прашање потребата од уривање на злокобните човечки тврдини и потребата од изградба на довербата и императовот на помирувањето“, додаде Копривица. Тој појасни дека „Помирувањето не смее да започне со барањето виновник надвор од нас самите. Помирувањето мора да почива на стремежот за правда, а не на барањето оправдувања. Помирувањето може да започне со зборови, но на нив не може и не смее да остане. Тоа бара дела, и тоа дела од сите и во континуитет, почнувајќи од расветлувањето на сите злодела, преку процесирање на сите злосторници по еднаков аршин, до остварување на конкретни стопански и политички облици на соработка меѓу народите и луѓето во регионот“.

На крајот, Копривица нагласи дека нема соочување со минатото, сѐ додека политичките учесници во војната не се соочат со правдата. Етнополитичкото претприемништво е основната пречка за помирувањето во регионот. Оние политички елити кои извлекуваат профит од подигнување на тензиите ги кочат државните и другите механизми да ја утврдуваат и пренесуваат вистината.

Раде Бојовиќ, потпретседател на Граѓанското движење УРА, нагласи дека постјугословенските државиупропастени, дехуманизирани и нефункционални политички заедницитреба да тежнеат кон нормализација и подобрување на меѓусебните односи, додека постјугословенските општества мораат да бидат изложени на таквото соочување со минатото со постојан притисок на Европската унија (ЕУ).“ Бојовиќ додаде дека нема помирување доколку политичките, историските и образовните интерпретации на постјугословенските случувања се спротивставени, конфронтирани и дијаметрално различни. Младината родена по деведесеттите во голема мерка денес трагично личи на митингашите и на шовинистичките теренски работници кои беа улична увертира во надоаѓачката трагедија“. Тој посебно укажа дека „нема помирување без правдасудско процесирање на злосторствата, сатисфакција за жртвите и без сѐ уште неотвореното прашање на лустрацијата“. Преку пресек на клучните, а во значајна мерка и заборавени или потиснати факти, тој се осврна на тоа како денес изгледа регионот и на последиците од распадот на Југославија и на постјугословенските војни, опоменувајќи дека „постојната политичка состојба во сите екс-југословенски републики го маргинализира процесот на соочување со минатото“.

Бојовиќ го стави фокусот и на тоа каде се наоѓа Црна Гора, прашувајќи: „Кој сака денес да се соочи со последиците на срамниот напад на Дубровник? Дали можеби некој ги учи децата за фактите од тој период?, истакнувајќи ги и речиси заборавените а „исконски јунаци“ – контраадмиралот Владимир Баровиќ и адмиралот Крсто Ѓуровиќ, кои своето чесно држење во тие времиња го платија со своите животи, а дека денес „Ниту една улица или плоштад во Црна Гора не ги носат нивните имиња, ниту има подигнато нивни бисти или споменици во Црна Гора“. Заклучи дека и денес малку кој се сеќава на црногорското антивоено движење, како и дека „современа Црна Гора суштински не сака да се соочи со своето недамнешно минато, регионалната улога во распадот на СФРЈ, како и со доброволното соучесништво во злосторничката Милошевиќева и великосрпска политика Помирувањето или патот кон нормално општество денес е жртва на партиските калкулации и меѓупартиските пресметки. Демагошкиот јуриш на фотелји и бескрупулозното чување на фотелјите не можат да си го дозволат соочувањето со минатото, бидејќи тогаш и фотелјите би почнале да се топат во судир со фактите и со вознемирувачките вистини“, оцени тој.

Тамара Милаш, соработник на програмите на ЦГО и портпарол на Коалицијата за РЕКОМ во Црна Гора потсети дека целта е да се отвори широк простор за дијалог во врска со помирувањето и начинот на кој се разбира тоа, но и за да се осврнеме на Иницијативата за РЕКОМ“. Таа нагласи дека Црна Гора мора да ги засили своите напори во борбата против неказнивоста на воените злосторства, и ефикасно да ги истражува, процесира и казнува воените злосторства во согласност со меѓународните стандарди, со цел да дојде до суштинско помирување и воспоставување на траен мир, а ЦГО како референтна организација на Коалицијата за РЕКОМ, со своите напори тежнее да даде придонес во делотворноста на тој процес.

Шуќко Баковиќ, Заштитник на човековите права и слободи во Црна Гора, рече дека овој процес не може да заврши без учество на политичарите. „Mене ми е мило што слушаме вакви тонови од присутните политичари, но длабоко сум уверен дека политичарите не можат да ги решат овие проблеми, туку работа на институциите на системот е да ги разрешат истите. Институциите на системот се тие коишто треба да направат злосторниците да се изнесат пред лицето на правдата. Без утврдување на фактите, без соочување со минатото, не може ни да стане збор за помирување. Но, дали ова го има во доволна мерка во Црна Гора? Мислам дека волја има, барем декларативно, и тоа е секако позитивно, но институциите на системот мораат и натаму да ја одработат својата задача. Правдата мора да се утврди. Мора длабински да се разјаснат сите овие случаи и сторителите мораат да се изнесат пред лицето на правдата, експлицитен беше Заштитникот. Тој оцени дека „не постои сериозен ефект во процесирањето на воените злосторства“, но дека е „постигнат напредок во процесите на компензација на штетите на жртвите, со што злосторствата се признаени преку компензацијата“.

Како главна препрека го означи заборавот и фактот дека за судирите молчат и жртвите и злосторниците. „Заборавот е опасен противник на правдата, а изгледа дека од историјата не сме научиле доволно“, рече Баковиќ, истакнувајќи дека нема потреба во овие прашања да се повикуваме на меѓународното законодавство, туку дека е доволно да тргнеме од Уставот и институциите на системот и да ја примениме постојната рамка. „Ние мораме да се соочиме со тие прашања поради нас самите, па дури потоа поради помирувањето во регионот“, заклучи тој.

Стојанка Радовиќ, обвинителка од Специјалното државно обвинителство кое е надлежно и за кривично гонење на воените злосторства, рече дека воените злосторства не застаруваат, наведувајќи дека во поновата практика таа институција процесирала четири случаи.

Исходот на тие постапки во јавноста се коментира различно. Оттука, во функција на обврската да се истражат сите воени злосторства, односно да се преиспитаат и старите случаи, да се види дали исходот на тие случаи одговара на вистината или не, Врховното државно обвинителство пристапи кон изнаоѓање медтоди процесираните предмети да се преиспитаат и да се истражат сите воени злосторства кои се случиле на просторот на бивша Југославија во текот на последната војна, рече таа, но укажа и на значењето на сегашната работа на обвинителството и на фактот дека случајот „Морињ“ се преиспитува повторно.

Иницијативата за РЕКОМ собира околу себе бројни организации на цивилното општество и поединци од регионот во заговарање на воспоставување на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки повреди на човековите права сторени на територијата на некогашна СФРЈ од 1991 година до крајот на 2001 година. ЦГО како референтна организација на Коалицијата за РЕКОМ, со своите напори настојува да придонесе за делотворноста на тој процес.

Настанот собра околу 50 претставници на политички партии, невладини организации, на Владата, правосудството, медиумите и дипломатскиот кор.

Оваа дебата е дел на проектот Јакнење на процесот за воспоставување на РЕКОМ (II фаза), кој е финансиран од Европската комисија, CCFD (Францускиот католички комитет против глад и за развој) и Фондацијата Rockefeller Brothers.

 

Галерија на фотографии

Извештај на Светлана Пешиќ, соработник на програмите на Центарот за граѓанско образование во Подгорица

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.