15.11.2014.
Mевлудин Лупиќ
Mевлудин Лупиќ доаѓа од Зворник, од семејството Лупиќ, од кое се убиени петнаесет мажи од 1 до 7 јуни 1992 година. Неговиот татко Рамо, чичкото и братучедите – сите се стрелани во Герината кланица во Каракај, во Зворник. Со упорност и организирање на членовите на семејството да сведочат пред истражниот судија во Белград, Mевлудин директно придонесе за подигање на обвинение против воениот претседател на општина Зворник и командант на ТО за убиството на околу седумстотини мажи, заробени на 1 јуни 1992 година во Бијели Поток.
„Кога заврши судскиот процес во Белград, кога во пресудата го видов името на татко ми и потврдата за неговата смрт, се надевав дека барем тогаштаа правда ќе биде некако задоволена. Меѓутоа, пресудите беа катастрофални. Човекот кој ја имаше сета моќ беше осуден на шест години затвор. Човекот кој командуваше со Територијалната одбрана и со сите оние единици кои беа таму, е осуден на петнаесет години затвор. Нашите страдања ни припаѓаат нам, а можете да нѐ тешите со изрази на сочувство, и тоа ни треба…“
Мевлудин Лупиќ сведочеше на Десеттиот форум за транзициска правда.
Сведочењето е достапно на БХСЦ јазици.