РЕКОМ мрежа за помирување

Zorica Markovic svedočenje sedmi forum

20.03.2010.

Зорица Марковиќ

Зорица Марковиќ се родила на Илијаш, покрај Сараево. Нејзиниот сопруг, војник по договор, загинал за време на војната. Кога со своите роднини и децата тргнала на неговиот погреб, паднала во заседа на Армијата на БиХ во близина на Пале. Била тешко ранета, а од 15 луѓе само петмина преживеале. Меѓу загинатите е и нејзиниот роден брат. Денес живее во Бијелина, каде пребегнала во 1996 година.

Таа сведочеше во рамки на сесијата „Јавни сведочења на жртвите“ на Шестиот регионален форум за транзициска правда одржан на 20 и 21 март 2010 година во Нови Сад, во хотелот „Парк“.

„Сите тие наши приказни се тажни и жални, како и ние кои го преживеавме сето тоа… Жртви се сите жертв и, сечија мајка плаче. Значи, нема делење. Ако жртвата е жртва, дајте вистината да ја докажеме, да видиме што сѐ се случувало. Па секој оној кој сторил злосторства нека одговара за нив. Да не бидеме на националните страни. Да не ги гледаме ни овие ни оние, туку сите сме жртви кои сме жртви. И за секого еднаков закон, и сите еднакво да одговараат.“

Сведочењето е достапно само на босански јазик.

 

Svjedočenje Zorice Marković

 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.