РЕКОМ мрежа за помирување

Saranda Bogujevci
Saranda

29.10.2008.

Саранда Богујевци

Некатегоризирано

„Со нас се Саранда и Фатос Богујевци од Подујево/Podujevë. На 28 март 1999 година, на два месеца пред својот роденден, таа имала 14 години; Фатос имал 12 години, по сето она што се случило, во јули тој наполнил 13 години. Тие имаа свои семејства, свои браќа, свои сестри. Излегле од тој настан, но ниту еден од нив веќе нема мајка, и она шпто тие го преживејаа, она што им се случи ним, кога би можело никогаш на ниту едно дете на светот да не му се случи, би било нешто природна да се бара, да се очекува и да се бори за тоа. Јас ќе ги замолам Саранда и Фатос да се обидат заедно да раскажат што им се случило. И тие се првите кои во 2003 година дојдоа во Белград да сведочат. Mожете ли да го замсилите тоа, во 2003 година, значи по неполни четири години, тие двајца, нивните татковци и нивните браќа и сестри одлучија да дојдат за да сведочат пред суот во Белград, затоа што сфатија дека тоа е единственото нешто што можат да го сторат за оние кои тогаш, на 28 март, биле убиени. Не им било лесно на децата кои со свои очи гледале убивање, да дојдат во Белград, и да ги видат униформите на улиците. Но Саранда и Фатос веќе тогаш разбраа дека единственото што можат да го сторат, а тоа е да се обидат да ги утврдат тие факти, дека тие можат јавно да сведочат. И тогаш Саранда беше единствената која сведочеше пред отворена судница, пред публика, Фатос беше малолетен, тој сведочеше на затворена седница, но не постоеше никој кој можеше да го издржи и поднесе она што го зборуваше Саранда. Ако постои некаква правда, тогаш почувствував дека тоа што им се случило сепак менува нешто. Еден припадник на Шкорпионите тогаш ми се јави и ми рече дека тој тогаш бил таму, видел што се случува; и тој излезе пред судот и раскажа што се случувало. Но, јас веќе нема да зборувам за тоа, бидејќи сега во Белград повторно е во тек судење на четворица нови припадници на Шкорпионите, кои исто така учествувале во тоа. Но, еве, уште еднаш да ги замолам и Саранда и Фатос да се обидат да раскажат, а тука е, во третиот ред, и Енвер Дуриќи, и јас го молам да издржи. Тој [ги изгуби] сите четири деца, сопругата, и му останаа само џамлиите кои ги носи в џеб оттогаш. После тоа ништо повеќе не му остана. После тој 28 март.

Најава на Наташа Кандиќ на јавното сведочење во рамки на Четвртиот регионален форум за транзициска правда, на 28-29 октомври 2008 година, во Приштина/Prishtinë, Косово

 

Svedočenje Saranda Bogujevci (превод на српски јазик)

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.