29.07.2010.
Верски заедници-Призрен, Косово-29.07.2010.
2010, верски заедниции, Косово, Национални консултацииНационални Консултации со верските заедници за основање на РЕКОМ
Консултациите ги организираше Фондот за хуманитарно право Косово. На собирот присуствуваа 46 учесници: претставници на Исламската заедница, на Католичката црква, на Српската православна црква и на Протестантско евангелистичката црква. Модератор беше Блерим Блакај (Фонд за хуманитарно право Косово), a воведничари беа Ветон Мујај (Syri i Vizionit, Пеќ/Pejë, Косово), Наташа Кандиќ (Фонд за хуманитарно право, Белград, Србија) и Исмаил Хасани, социолог на религијата од Приштина. На почетокот на настанот, на присутните им се обрати Ружди Реџа, потпретседател на општина Призрен, кој ја поддржа Иницијативата за РЕКОМ. Шест медиумски куќи известуваа за консултациите – RTV Besa, TV Prizren, Koha Ditore, Телевизија Косово, Радио Косово и KTV.
Транскриптот и видео-снимката се достапни само на на БХСЦ јазици.
Primedbe, predlozi i preporuke