РЕКОМ мрежа за помирување

26.11.2009.

НВО-Сплит, Хрватска-26.11.2009.

2009, локални консултации, НВО, Хрватска

Консултации со цивилното општество за основањето на РЕКОМ

Хрватското академско здружение Сплит – Човекот на прво место и Documenta – Центар за соочување со минатото Загреб, во име на Коалицијата за основање на Регионална комисија за утврдување и јавно изнесување на фактите o воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права во бивша Југославија (РЕКОМ), организираа консултации на 26 ноември 2009 година. Консултациите во Сплит беа одржани во просториите на Хрватското академско здружение Сплит на тврдината Грипе.

Во име на Коалицијата за РЕКОМ, а пред нешто повеќе од триесетина учесници и учеснички, зборуваа Весна Тершелич, раководителката на Documente Загреб, Сузана Кунац, B.a.b.e Загреб, и Еуген Јаковчиќ, Documenta Загреб. Во име на организаторот на трибината зборуваше д-р дон Иван Грубишиќ, иницијатор и движечќка сила на Етичкиот форум, но и на Хрватското академско здружение, угледен свештеник и теолог, кој во јавноста одамна се стекна со доверба и углед на човек кој ги живее своите идеи.

Транскриптот и видео-снимката се достапни само на на БХСЦ јазици.

Pregled prijedloga, preporuka i mišljenja

Transkript

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.