10.12.2014.
Писмо до претседателите/членовите на Претседателството на БиХ
На 10 декември 2014 година, Коалицијата за РЕКОМ упати писмо до претсдателите/членовите на Претседателството на БиХ, со цел да ги потсети дека Собранието ги поддржа Измените на Статутот РЕКОМ, со шот се создадени услови за нов чекор кон основањето на Регионалната комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права во војните на територијата на бивша Југославија. Во споменатото писмо, Коалицијата изјави дека очекува претседателите/членовите на Претседателството на БиХ да се договорат во врска со начинот на информирање на јавноста и на парламентите за тоа дека одлучиле заеднички да го поддржат основањето на Комисијата. Таа ги повика претседателите/членовите на Претседателството на БиХ да обрнат внимание на предлогот на претседателот на Хрватска сите заедно, во договорен рок, да упатат писмо до јавноста и до парламентите за заедничката поддршка за основање на РЕКОМ.
Во истата прилика, Коалицијата ги извести претседателите/членовите на Претседателството на БиХ дека направила значаен напредок во документирањето на човечките загуби, логорите и другите објекти на заточеништво во текот на војните од деведесеттите години.