08.06.2015.
Хрватски воен ветеран за РЕКОМ: Помирувањето ги кочи интересите на политиката и на корумпираните елити
RECOM, ветераните, РЕКОМ, Хрватска„Всушност, една иста екипа од 1991 година има цврста контрола над сѐ што се случува во врска со ветераните во Хрватска; тоа е затворен круг во кој не се влегува, и тука повеќе или помалку ништо не се менува, така што јас веќе ниту нешто правам, ниту сум член на некое здружение, без врска ми беше да плаќам чланарина некаде каде што не можеш ништо смислено да кажеш“ – вели Звонко Луциќ, кој минал повеќе од година дена на војувалиштето во околината на Мостар, каде се грижел за група луѓе кои биле во негова надлежност.
Тој вели дека луѓето од логорот, оние во чие чување учествувал, по затворањето на логорот, му подариле чибук (држач за цигари), во знак на благодарност поради коректниот однос кон нив, која тој сé уште ја чува.
Далибор истакнува и дека по војната се ангажирал во Hvidra (Udruga hrvatskih vojinih invalida Domovinskog rata – Здружение на хрватските воени инвалиди од Татковинската војна)) на организирање обука за ветераните за информатичко описменување, но дека тоа не заживеало, бидејќи луѓето кои им доделувале средства во еден момент престанале да го прават тоа.
Сега, како што вели тој, повремено учествува во настани кои ги организира Центарот за ненасилна акција, во проектите за регионални средби на ветераните.
Разговараше: Јелена Грујиќ Зиндовиќ
„Во почетокот беше зачудувачки што луѓето кои биле во униформи на спротивставените страни воопшто можеа да зборуваат, и тоа беше многу тешко, но сега е тоа сосема нормално и сосема едноставно. Јас сега имам пријатели во сите земји, и секаде имам кого да повикам“ – вели тој.
Kои теми беа табу за ветераните во првите средби по војната?
Луѓето се плашеа воопшто да кажат каде биле и на кој начин биле ангажирани за време на војната. Меѓутоа, временската дистанца и зрелоста помогнаа луѓето сега сосема поинаку да гледаат на тоа време. На сите нас ни помогна што тоа критички го преиспитавме. Не можеш постојано да се држиш за својот цврст став, мораш да направиш некаков компромис. Тоа го учиш и го прифаќаш. Мислам дека сега е веќе прилично изградена довербата помеѓу екипите на ветераните во регионот, што порано беше незамисливо.
Кој беше мотивот ветераните да продолжат со средбите, иако во почетокот се соочиле со недоверба?
Се сеќавам дека на почетокот беше незамисливо и хуманитарците да седнат заедно со луѓето кои биле во униформи за време на војната и да разговараат. Мнозина с епротивеа на таквите разговори. А потоа се покажа дека има што да се направи и дека и ветераните имаат многу потенцијал. Во почетокот помогна љубопитството, а потоа се покажа дека, кога сите страни го изнесоа своето, и кога ќе се исклучат разликите на кои инсистираат политиката и медиумите, дека во суштина сé е исто, и кај едната и другата и третата и четвртата страна. Повеќе непријателство гледам овде помеѓу нашите хајдуковци и динамовци, отколку помеѓу нас, ветераните од различни земји. Тоа се луѓе кои минале многу тешко. Мнозина од нив немаат рака или нога. И сега, после сé, мислам дека сите тие гледаат критички на изминатиот период, што е всушност и целта – соочување со сето тоа, дали така морало да биде и како сега понатаму со тоа. Заедничко за сите е што во себе носат некакво разочарување од тоа чиј дел биле, од она што се случувало и како се случило. Сето тоа скапо го платиле со лични тегоби и со сето она со што и денес се носат.
За ветераните во Хрватска честопати се слуша дека се во најдобра положба од сите во регионот. Од друга страна, стапката на самоубиства е највисока токму во оваа земја. Како Вие би ја оцениле таа стварност во Вашата земја?
Ние имаме група од 70-80 илјади воени инвалиди и сите тие имаат примања по основ на таквиот статус. А во принцип знам како беше за време на војната, и знам дека во 1995 година ги имаше околу 30 илјади луѓе. Тоа е турбо инфлација. A објективно има луѓе кои сé уште се немаат ни пријавено, ниту ги искористиле своите права, па така оваа бројка и натаму ќе расте. Едноставно, има луѓе кои го купиле тој статус или за тоа им помогнале луѓе кои имаат моќ. Можеби однадвор изгледа дека ветераните во Хрватска не сакаат да се менуваат со никого, дека им е добро – но, тоа е само привид. Во основа, сите здруженија ги основаше политиката, а таа и сега ги контролира. Во два мандата бев во Хвидра, и никогаш за тоа време немаше никаков знак дека може да дојде некаква инспекција и да провери како биле потрошени парите добиени од буџетот. Никогаш не стануваше збор за некакви огромни средства, но никој не ги ни контролираше. Таквите здруженија, како и црквата, не мораат да се грижат за тоа како ќе прикажат на кој начин ги трошат средствата кои ги добиваат.
Ако политиката го контролира здруженијата, тогаш сигурно контролира и каков ќе биде ставот на ветераните спрема регионот и процесот на помирување?
Се разбира, бидејќи ним тоа не им оди во прилог. Оние кои правеа огради сега не сакаат тоа да се промени, ниту пак им се допаѓаат оние кои сакаат да ги урнат тие огради. Политиката поставува ултиматум: или сакаш со нас или ќе бидеш сам, а се знае дека секој кој ќе се обиде сам ќе биде блокиран. Во суштина, има многу луѓе кои поединечно се за таа приказна, ама кога нивното здружение треба тоа да го поддржи јавно, тоа е многу тешко да се стори.
Кој, за вас лично, беше гестот или настанот кој претставувал придонес за помирувањето во регионот?
Кога хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ отиде во Босна и Херцеговина и се извини, тоа за мене беше многу убаво. Не можеш да го минеш животот во некаков ров, кој си го ископал некогаш порано. Меѓутоа, се покажа какви отпори се појавија во однос на тој гест, зошто бил во Ахмиќи, и дека се разбира ние не сме виновни, и така натаму. Голем број луѓе живеат од тоа и народот не е освестен дека е тоа така, и тоа не го разбира. Запознав еден човек, инжињер, кој ми рече: јас сум по занимање Србин. Го рече тоа од чиста фрустрација, бидејќи во 90-те бил исбркан од фабриката „Кончар“ поради својата националност. Политиката останува бетонирана на истите позиции, а определена група луѓе останува по професија припадник на својата етничка заедница. Исто како што и меѓу воените инвалиди има и такви кои по неколку пати добивале станови со разни дубари, и нема да излезат од нив бидејќи преку тоа стекнале најмногу во животот.
Голем е бројот на ветерани кои млади се стекнале со таквиот статус и кои никогаш не работеле нешто друго. Како треба да се работи со нив во функција на изградбата на помирувањето?
Статистиката покажува дека меѓу нив сосема мал број доаѓа од градовите, или домицилно не биле од урбани средини, туку се населиле тука отпосле. Во основа, тие се оние кои после сé беа наградувани со станови по градовите и со пензии. Политиката го одредила што ќе биде, и тој веќе не мисли за себе, ниту мисли за ова општество кое нема да може довека да го плаќа сето тоа. Веќе на двапати ни симнуваат по десет отсто од пензиите. Две илјади и некоја година беа потребни милјарда и осумсто илјади куни месеќно, а сега износот е преку три, три и пол милијарди куни. Toа едноставно буџетот нема да може да го издржи. А последицата е во тоа што од млади, здрави луѓе направија инвалиди и кога тие тоа никогаш не биле. Кога на 35 години ме испратија да ги предадам документите и ми рекоа само да ставам потпис, прашав што ќе правам толку години во пензија? И не сакав да потпишам. По шест месеци дознавам дека имам право да одам на школување и дека не морам да плаќам за тоа. Така завршив виша деловна информатика. Испратив четири молби за работа, од никаде не стаса ниту одгов ор. И тогаш истата жена, онаа на која одбив да ѝ ги потпишам документите за пензија првиот пат, ме праша: а што чекате, што не го потпиушете решението? И така, ете, и јас отидов во пензија. Сега калемам стари сорти јаболкници и круши во близина на Топуско, тука ми се термалните води кои велат дека се одлични и во суштина сетоа тоа сѐ повеќе ми се допаѓа.
Што е тоа што ветераните можат да уште да сторат, наспроти проблемите за кои зборувате?
Мислам дека во суштина ние не сме активно општество, и дека сите чекаат некој друг нешто да одработи. Во тоа е најголемиот проблем и на политичлката и на оваа нашата ветеранска приказна. Тоа е едноставно прашање за тоа како нешто што е пасивно да се претвори во нешто активно, во нешто што самото ја создава својата иднина. Јас сега навистина не знам како тоа да го сторам.
Го поддржувате ли основањето на РЕКОМ?
На почетокот, неколку пати учествував во разговорите за тоа. Генерално, мојот став тогаш беше дека ако правосудството си ја врши звојата работа, која е тогаш потребата од вакви пороекти. Секако, во меѓувреме животот ме демантираше и видов дека постојат бројни причини во полза на РЕКОМ. Се покажа дека постојат обиди нештата или да се премолчат или да не се решат. Затоа сега имам сосема спротивно мислење, дека постојат многу причини за основање на РЕКОМ, бидејќи ниту едно од нашите општества не е во состојба да стори нешто само.
Interview was published in !Глас на Иницијативата за РЕКОМ 18/2014. Issue was dedicated to the topic – war veterans and reconciliation.