РЕКОМ мрежа за помирување

семјества на ишчезнати
Ексхумација на масовната гробница Кевљани, кај Приедор, август 2004. Фото: EПA/Драго Вејновиќ.

15.02.2021.

БиХ: Семејства на исчезнати лица повикуваат на акција

BiH, Missing persons, БиХ, Масовни гробници, семејства на ишчезнатите

Семејства на 80 лица, исчезнати во регионот на Босански Брод, за време на војната во Босна и Херцеговина, бараат да бидат вложени поголеми напори за нивно пронаоѓање, додека официјалните лица велат дека им требаат повеќе информации за скриените масовни гробници.

 

Марко Грабовац, претседател на Здружението за потрага по исчезнати лица на општина Босански Брод, вели дека повеќе од две години, во оваа општина не се пронајдени посмртни останки на ниту едно од 80-те лица, кои сè уште се водат за исчезнати.

Грабовац, кој е член и на Советодавниот одбор на Институтот за потрага по исчезнати лица, посочува дека треба да се вложат поголеми напори во потрагата по исчезнатите, меѓу кои имало и многу постари лица, кои за време на војната 1992-1995, биле заробени во своите домови.

„Некои беа пронајдени во масовни гробници. Малкумина од тие постари луѓе беа разменети или преживеаја“, вели Грабовац.

Тој додава дека во најголемата масовна гробница во регионот на Босански Брод, меѓу 88-те пронајдени, најмногу имало стари лица.

Грабовац сè уште трага по останките на неговата мајка, која, кога исчезнала, имала 82 години.

„Мајка ми исчезна во нејзината куќа во мај 1992 година во местото Лијешќе. Неколку старици беа заробени и одведени во непознат правец“, нагласува тој.

По посмртните останки на својата мајка, Драгиња Шукурма, веќе 29 години трага и Јелица Кушљиќ.

„Мајка ми почина на 10 мај 1992 година, од граната во нејзиниот двор во Лијешќе и оттогаш ѝ се губи секаква трага, никој не знае ништо“, вели Кушљиќ.

„Јас бев со децата во Србија. Никогаш не дознавме ништо повеќе, каде завршила таа, апсолутно повеќе ѝ нема никаква трага“, истакнува таа.

Кушљиќ додава дека не е задоволна од напорите што ги вложуваат официјалните лица, во потрагата по исчезнатите во војната.

„Ниту, пак, некој премногу се труди нешто да се направи, во врска со пронаоѓањето. Мислев дека нејзините останки ќе бидат пронајдени досега, но ништо од тоа“, вели Кушљиќ.

Емза Фазлиќ, портпарол на Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина (ИИЛ БиХ), информира дека 247 лица исчезнале во војната, во регионот на Босански Брод.

„Досега се идентификувани 167 лица, а се трага по уште 80“, вели Фазлиќ.

Најголемиот проблем на ИИЛ БиХ е што луѓето не излегуваат со информации за местата каде тајно се погребани жртви на војната.

„Најголемите проблеми во потрагата по исчезнатите, е недостигот на веродостојни информации за индивидуални и масовни гробници и недостиг на сигурни, вистинољубиви сведоци, кои ќе помогнат да се откријат местата каде што се погребани убиените“, вели, Амир Кулаглиќ, член на Советодавниот Одбор на Институтот за потрага по исчезнатите.

Советодавниот одбор покренал иницијатива, заради потрага по останките, да се набават одредени технички помагала, како што се георадари и дронови, но овој процес засега е во застој, поради пандемијата на корона вирусот, нагласува Кулаглиќ.

Во БиХ сè уште се трага по 7.573 исчезнати лица.

 

Albina Sorguc

 


Текст БиХ: Семејства на исчезнати лица повикуваат на акција привично беше објавен на Balkan Insight/Balkan Transitional Justice.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.