15.09.2023.
III обновен повик за проекти на граѓански организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Северна Македонија и Косово
subgranting, РЕКОМ мрежа за помирувањеЦентар за граѓанско образование (ЦГО), во име на Мрежата за помирување РЕКОМ, го обновува III повик за проекти на граѓански организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Северна Македонија и Косово.
До 20 септември 2023 година можете да поднесете предлог-проекти, кои придонесуваат за ширење на знаењата за судските факти и зајакнување на гласот на жртвите, прифаќање и откривање на факти за воени настани и злосторства во локалната заедница, градење регионална култура на сеќавање и помирување.
За учество може да се пријават сите организации на граѓанското општество (ГО) кои:
– имаат статус на правно лице во согласност со националните прописи во БиХ, Северна Македонија, Србија, Косово или Црна Гора;
– непрофитни;
– активни на ниво на локална заедница;
– имаат организациски капацитети и се директно одговорни за подготовка и реализација на проекти (со партнери, доколку ги има).
За да се пријавите на повикот потребно е да пополните: Апликација и предлог буџет. Ве молиме внимателно прочитајте го деталниот Водич пред да ги пополните овие формулари.
Пријавата за конкурсот, заедно со придружната техничка документација, се испраќа по е-пошта на адресата: recom.call@cgo-cce.org, со назнака – „Поддршка на локални граѓански организации – Мрежа за помирување РЕКОМ“.
Дополнителни информации можете да добиете со испраќање на прашање на е-пошта на адресата: recom.call@cgo-cce.org, најдоцна до 18 септември 2023 година.
Вкупниот износ на средства за спроведување на обновениот трет конкурс е 43.000 евра, а најголемиот износ на поединечен грант е 7.000 евра.
НАПОМЕНА: Сите апликации кои беа доставени по III повик ќе се сметаат за поднесени пријави и на овој обновен конкурс. Во случај кога организациите во меѓувреме имаат добиено средства за спроведување на пријавениот проект или сакаат да ги променат своите активности, неопходно е да се извести Центар за граѓанско образование (ЦГО).