18.05.2015.
Потребата од соочување со минатото
Што значи „соочување со минатото“? Што е тоа што, всушност, го сакаме кога велиме дека одредени општества треба да се „соочат со своето минато“? И како тоа точно се постигнува?
„Соочувањето со минатото“ може да значи многу нешта и може да биде остварено на бројни и различни начини. Идеално, од општествата кои излегуваат од период на брутални судири сакаме да го потврдат страдањето на жртвите и, барем за почеток, да признаат дека злосторствата навистина се случиле и дека не се измислени. Потоа, сакаме жртвите да добијат одреден вид компензација, па така неправдите кои ги претрпеле, на некој начин, да бидат исправени. Тоа може да биде уредено во облик на судење на сторителот или по пат на материјална компензација, но и преку негување на сеќавањата на злосторствата од минатото, со покажување почит за жртвите.
Тоа е она што во суштина го сакаме кога зборуваме за „соочување со минатото“. Но, како да се дојде то тоа во општество во кое постојат не само различни групи на жртви, туку и различни, исклучиви и противречни истории на она што се случило?
Еден од проблемите во утврдувањето на „вистината“ за некое злосторство произлегува од тоа што различните групи со текот на времето развиваат различни верзии на вистината за своето минато. Жртвите и преживеаните имаат свои непосредни и директни вистини за сето он што им било сторено и за оние кои се одговорни за тоа. Меѓутоа, тоа може да биде сосема различен вид на „вистина“ од онаа која, на пример, му се предочува на судот. Во судското окружување, „вистината“ се заснова на многу специфични видови на докази. Целта на судењето е да ја утврди индивидуалната одговорност на конкретно лице, а не да даде одговори на некои пошироки прашања, како оние што сѐ се случило, кому и како. Меѓутоа, за жртвите и за преживеаните, лицето на обвинителната клупа е можеби помалку битно од, на пример, директните извршители чии злосторства ги виделе лично, а кои никогаш не биле обвинети, или на таа на официјалните претставницо со висок ранг за кои тие веруваат дека ги наредиле тие злосторства, а чија вмешаност, повторно, не било можно да се докаже пред судот. Оттука, проблемот е во тоа што судењата се во состојба да понудат само една верзија на вистината за минатото, која притоа честопати противречи или воопшто не ги вклучува сеќавањата и искуствата на жртвите и на сведоците. Чија вистина, тогаш, би требала да има првенство?
„Вистината“ секогаш е непотполна и неадекватна. Тој недостаток е посебно изразен во областа на ретѕрибутивната правда, односно во кривичните процеси. Тешко е да се замисли дека правните механизми – осмислени да остварат правда за конкретни дела и поединци врз основа на тесно определени, специфични докази кои се однесуваат токму на нив – можат да бидат просторот за утврдување на каква било „поширока вистина“. Судењата се важни, или поточно – тие се неопходни, но тие даваат само тесен пресек на една широка приказна за минатото.
Таквата клима на оспорено сеќавање се покажа како најголем предизвик во областа на соочувањето со минатото во бивша Југославија. Факт е дека различните групи различно паметат одредени настани (односно, поединците кои се одговорни за нивното случување), што е потоа преточено во официјалната политика на одделните држави. Имено, владите од регионот избегнуваат да се занимаваат со наследството од своето насилно минато, па всушност само ги следат доминантните наративи, без никакво преиспитување на улогата на главните актери, ниту на самиот заплет и крајот на таа приказна.
Иницијативата за РЕКОМ, од самото нејзино покренување, се спроведува во многу негостољубиво политичко окружување. Соочена со пречки на секој чекор, таа е принудена да вложува огромни напори за да го оправда своето постоење пред непријателски настроената јавност и пред владите во регионот.
Токму затоа, проектот каков што е РЕКОМ е неопходен: тој е осмислен на начин кој дозволува постоење на различни верзии на вистината, бидејќи дозволува тие да бидат раскажани со гласовите на жртвите, а нивните приказни можеби се разликуваат од „вистините“ во официјалните медиуми и во судските процеси. РЕКОМ инсистира на именување на сите жртви, бидејќи со приказната за животот и смтта на секоја од нив, се обновува и нивното достоинство. Таквиот проект е навистина нужен.
Значењето на РЕКОМ е во тоа што ги пренесува приказните за жртвите, но раскажани со нивни зборови, како и со зборовите на преживеаните членови на нивните семејства. Тие се толку силни, и толку болни, што навистина можат да ги премостат разликите помеѓу заедниците, и тоа на многу подиректен начин од судските процеси, официјалните декларации и говорите на политичарите. Поврзувајќи ги жртвите низ заењдничката историја на губиток и болка, РЕКОМ има потенцијал полека, многу полека, да ги менува доминантните наративи за минатотот, и на тој начин да отвори простор за преиспитување на настаните кои, барем досега, беа скриени од погледот на јавноста.
Јелена Суботиќ
Aвторка книгата „Грабнување на правдата: соочување со минатото на Балканот“ (2009), професорката на Georgia State University, во САД