17.10.2010.
Седми регионален форум за транзициска правда
Седмиот Форум за транзициска правда беше одржан на 16-17.10.2010 година во Загреб. Форумот го отвори претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ. Во неговата работа учествуваа и бившиот претседател на РХ, Стипе Месиќ, потпретседателот на Владата на РХ Слободан Узелац, претставници на Саборот и на министерствата на РХ. Учесниците на Коалицијата овој факт го оценија како уште една потврда за хрватската политичка поддршка за Иницијативата за РЕКОМ. Во рамки на пленарната седница беше организирано и јавно слушање на жртвите и на сведоците на воените злосторства.
Покрај пленумот, работата беше организирана во четири работни групи: за состав и избор на членови на РЕКОМ, за овластувањата на РЕКОМ и односот со правосудството, за јавно заговарање на Иницијативата и за целите и задачите на РЕКОМ. Во групата за овластувањата имаше мислења дека Статутот на РЕКОМ треба да почива на принципот на доброволно сведочење на жртвите и да се обврзат државните институции согласно закон. Имаше забелешки за изоставување на геноцидот во делата кои се во надлежност на РЕКОМ. Беше предложено, а од сите учесници на пленарната седница и прифатено, во Статутот да не се наведуваат конкретни кривични дела, туку членот 15 да гласи: „Комисијата ги утврдува фактите во врска со кривичните дела против човечноста и против меѓународното хуманитарно право, како и фактите во врска со другите тешки кршења на човековите права“. Во тек се измени на Нацртот на Статутот на РЕКОМ согласно забелешките за текстот кои беа ставени од страна на учесниците на таа работна група.
Трето Собрание на Коалицијата за РЕКОМ беше одржано на 15.10.2010 година во Загреб. Беа избрани пет нови членови на Координативниот совет. Со измените на Статутот на Коалицијата отворен е патот членовите на оние организации кои се веќе во Коалицијата да бидат и индивидуални членови. Сега Коалицијата брои вкупно 1060 членови, од кои 66 се од Црна Гора, 269 се од Босна и Херцеговина, од Хрватска се 91, од Косово се 283, од Македонија се 3, од Словенија се 5 и од Србија се 343 лица. Освен тоа, 200 посетители на фестивалот MESS писмено го поддржаа основањето на РЕКОМ.
Центарот за соочување со минатото – Документа: Без гласот на жртвите нема помирување
Видеото е достапно само на БХСЦ јазиците.