РЕКОМ мрежа за помирување

t_REKOM-znak-mali

21.11.2011.

Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН и Програмата за развој (УНДП) ја поддржаа Иницијативата за основање на РЕКОМ

t_REKOM-znak-mali

 Помошникот на Главниот секретар на ОН за човекови права, господинот Иван Шимоновиќ, на 15. ноември 2011. година во седиштето на ОН во Њујорк, разговараше со делегацијата на Коалицијата за РЕКОМ и во таа пригода ја изрази безрезервната поддршка  на Високиот комесар за човекови права (ОХЦХР) за Иницијативата за основање на РЕКОМ. Господинот Шимоновиќ вети помош од Канцеларијата на Високиот комесар во кооринација на комуникациите меѓу националните институции во чија надлежност е донесувањето на одлука за основање на заедничка Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и на жртвите.

Силна поддршка на Иницијативата за основање на РЕКОМ даде и заменикот на директорката на Регионалното биро на УНДП за Европа и Заедницата на независни држави, господинот Haoliang Xu на состанокот со делегацијата на Коалицијата за РЕКОМ, одржан на 16. ноември 2011. во Њујорк. Тој ја истакна подготвеноста на УНДП  своето присуство во пост-југословенските земји  да го користи за заговарање за основање на РЕКОМ.

Делегацијата на Коалицијата за РЕКОМ разговараше и со експерти од Меѓународниот центар за транзициска правда за вклучување на државните институции во пост-југословенските земји од кои зависи формирањето на официјални меѓудржавни комисии за фактите за воените злосторства и жртви, во процесот РЕКОМ.

За иницијативата во контекст на поддршка од различни групи од невладиниот сектор, делегацијата на Коалицијата за РЕКОМ говореше пред студентите на New York School of Law.

Делегацијата за РЕКОМ ја сочинуваа: Наташа Кандиќ, (Фонд за хуманитарно право, Србија), Игор Мекина (новинар и публицист, Словенија), Дино Мустафиќ ( театарски и филмски режисер, Босна и Херцеговина), Џенана Каруп-Друшко (новинарка, Босна и Херцеговина), Авни Меленица (Здружение на жртви „22  mai“, Косово), Весна Тершелиќ (Документа, Хрватска), Маја Мичиќ (Иницијатива на младите за човекови права, Србија) и Марио Мажиќ (Иницијатива на младите за човекови права, Хрватска).

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.