РЕКОМ мрежа за помирување

nova makedonija

19.11.2012.

Нова Македонија: ХАШКА ШЛАКАНИЦА

nova makedonija

 

Автор: Билјана Ванковска

 

Поради иронија на судбината, прашање кое инаку не само што не е атрактивно, туку е и не­по­желно, стана топ-тема. Ние, кои сé што се однесува на воените злосторства ставаме под чергиче или завиваме во уставно-судска амнезија, се возбудивме од хашка пресуда за хр­ват­ски генерали. Сен­зацио­нал­ната вест (како што ја нарече Шпигел) се по­кло­пи со ро­ден­­­денот на единствениот наш хашки осуденик. Таква прилика за само­со­жалување не се про­­пушта! Па и оние парламентарци кои гласаа за амнестијата, сега ги разбрануваа емо­ци­и­те. Едни прашуваат: зарем Тар­чу­лов­ски е сега нај­го­лемиот злостор­ник, кој лежи 12 го­ди­ни затвор за операција (со неколку загинати), која е мач­кина каш­лица во споредба со жрт­ви­­те на „Олу­ја“? Еве, до­каз дека Хашкиот трибунал е пра­во­слав­на инс­ти­туција – за при­пад­ници од дру­га веро­ис­по­вест нема мес­то. Други коментираат: Уг­ледајте се на Хрватите, ви­дете ка­ко се брани чест на една држава! Не штедеа ни пари ни поддршка. Видете како прет­седателот Јосповиќ и премиерот Мила­но­виќ ги дочекаа ге­не­ра­лите, за кои изјавија де­ка се невини луѓе кои стоич­ки поднеле жрт­­ва за својата др­жа­ва! Хр­ватската јавност во еу­фо­рија, а ние ни на мрт­­во пла­­че(в)­ме, ниту на жи­во се ра­ду­ва­(в)­ме. За волја на вистината, пред да стане сестра, брат Љу­бе беше дочекан со смеш­на фа­лан­га со шлемови од стиро­пор, малку го тин­т­рав­ме низ медиуми, и потоа го вратив­ме во зат­вор – домашен за кој Ше­ве­нинген из­гле­да како лук­сузен апартман! Сé до сега и Тар­чу­лов­ски беше практично забо­ра­­вен, особено откако од затвор ја благослови амнес­ти­ја­та. И пок­рај ова бранување, се уш­те мислам дека тој нема да ја доживее слава­та на Го­­то­вина. Тој не само што не беше ге­не­рал кој предводеше офанзива, туку бе­ше те­лохранител на Прет­седателот кој над­вор од својата формациска задача отиде во освет­нич­ка мисија во род­ни­от крај. Ток­му овој факт, и оп­сегот и последиците од ак­цијата во селото Љуботен ја пре­диз­вика по­т­ребата од спо­ре­ду­вање и го раз­бу­ди чувство на не­прав­да. За најголем дел од јавноста, Ма­ке­­до­нија не е дел на регио­нал­на­та при­­каз­на. Судската (не)­правда и од­но­сот кон цивилните жртви од со­сед­­ството не е наша тема. Разбирливо, и сега водата се води само на на­ша воденица. Но, „раз­­­во­дот“ од еден регион не е ни лесна, ниту воз­можна работа. Тоа што сме како под то­тал­­­на или локална анесте­зи­ја, па ед­вај и да по­ка­жу­ваме ем­па­тија дури и кон жртвите од на­­шиот конфликт, е друг па­деж. Ќе потсетам на не­кол­ку детаљи кои упатуваат на тоа дека и сме дел на ре­гио­­налниот Гордиев јазол: првата жрт­ва на вој­ни­те бе­­­­ше Македонец, а и пос­­лед­­ната беше од тука. За го­лем дел од учес­ниците во кон­фликтот не знаеме од ка­де по­тек­­­нуваа(т), а еден број наши гра­ѓа­ни учествуваа во „нив­­ни­те“ конф­лик­ти (без ог­лед да­ли ста­нува збор за Ко­со­во или за Ву­ковар, каде удел има­­ше еден мајор кој стана на­чалник на Ге­­­не­рал­штаб). Најтажно е што немаме ни службена и кре­­ди­бил­на ста­­тис­ти­ка за бро­јот на за­гинати при­падници на уни­­формираните формации од „двете стра­­ни“, а уш­те по­мал­ку на ци­­вил­ни­те жртви. Ќе на­и­де­те на различни инфор­ма­ции, кои опе­­ри­­раат со едно­с­тра­ни и фри­зирани по­датоци, и никому ништо! На исчез­на­ти­те никој и не по­мислува, ос­вен нив­ни­те нај­блис­ки, и никому ништо.

И во Хрватска не е забавно да бидеш расипувач на забави среде на­ци­о­нална еуфо­ри­ја. Малкумина излегоа со критички став и со потсетување дека останува суштинско пра­ша­њето – кој е виновен за сто­ти­ците цивил­ни жртви (најголем дел од нив убиени на суров на­­чин по воената по­бе­да)? Кој е виновен за депортацијата на 200 илјади цивили од Кра­и­на? На­спроти хорот според кој До­мо­винската војна симболички и правно заврши и де­ка мо­­же да влезе во историјата ка­ко „кристално чиста“, ова малцинство храб­ри луѓе потсе­ту­ва дека прав­да­та не е испол­не­та. Ако е точно и дека Го­то­вина е не­вин, и дека имало злос­тор­­ства, тогаш држа­вата има обврска веднаш да ги рас­вет­ли. Катарзата која го означи кра­јот на војната, ток­­му пред портите на Брисел, и која значи влез со дигната глава во европ­ски­­от клуб, не е при­чина за сон на праведник. Проценката е дека е ова момент во кој е мож­­но сосема да се зат­­во­ри военото досие, односно да запре процесот на соочување со вис­­тината, како не­­­по­т­ре­б­ен и „историски“. Митот е одамна создаден, сега и правно санк­ци­о­ниран, па затоа се не­пробоен! Пресудата се објаснува со слабостите на обвини­тел­ст­во­то, т.е. погрешната прав­на квалификација на злосторството и на амбицијата на Карла Дел Пон­­те, која наместо по прав­­да, тргна да пишува ис­то­рија на распадот на екс-ЈУ. И за нај­доб­­рите прав­ници ос­та­­ну­ва дилемата како е можна огромна дискрепанца меѓу оцен­ката на фак­­тите и нив­ната прав­­на интерпретација од првата и жалбената инстанца (ка­ко и тенката ли­­нија меѓу ви­ната од невиноста со 1 глас разлика). Тоа ќе се изучува на пра­в­ните сту­­дии ши­­рум светот, но сега фокусот е на поли­тич­ки­те репер­ку­сии. Сликата на ре­гионот е во нај­­мала рака бизарна: Хрватска триумфира (ду­ри и оние кои до вчера го псу­еја судот), а ге­­нералите се поканети да „им го забијат“ на Србите и на симбо­ли­чен начин на поче­то­кот на фудбалски меч. Во име на Србија про­тестираат прет­­седател со четничко минато и пре­­ми­ер со милошевиќевско наследство. Најбизарната порака, сепак, стаса од БиХ. Прет­се­­­да­тел­ката на здружението „Мај­ките на Сребреница“ и ја честиташе пресудата на Хрват­с­ка, ис­праќајќи порака дека не­при­ја­телот на нивниот непријател е пријател (и покрај учес­т­­вото на Хрват­ска и во босанската војна). Пораката е пора­зи­тел­на бидејќи доаѓа од жена ко­­ја го сим­бо­ли­зи­ра ужасот на цивилните страдања, а која и по­крај десетина години на НВО ак­ти­визам по­кажува дека не бара правда, туку освета врз Србите, кои и да се, па ду­ри и ако се невини ци­ви­ли. Ова е само најциничен пример, но се чи­ни дека на мнозина се уш­­­­те не им е доста, не им доаѓа ум, и подготвени се да ба­раат правда само ако тие се из­зе­ме­­­ни. Не­ма изви­ну­вање, нема покајување, ниту одделување на ин­ди­ви­­­ду­ал­ната ви­на од опш­тес­т­ве­на­та одговорност за вое­ни­те конфликти, нема катарза од ко­ја ќе про­излезе инаква порака – ни­когаш повеќе.

Катарза во Македонија не е возможна, бидејќи таа не е етнички чиста држава каква што стана Хрватска. Албан­ци­те тив­ко (или не та­ка тив­ко) триумфираат, а Македонците тив­­ко не­го­ду­ва­ат. Но, се навикнуваат и жи­­ве­­­ат заедно на начин кој не е можен меѓу Срби­те и Хрва­ти­те и Бошњаците… И тоа е неш­­то! Пристојноста во секое општество почива на инс­­ти­ту­цио­­на­ли­­зи­ра­но ли­це­­ме­­­рие. Нашата мала војна е неспоредлива со дру­гите. Пред да си каже­ме де­ка не треба да гледаме назад, туку на­п­ред во иднината, од полити­чари­те тре­ба да побараме фак­ти за тоа ка­де се ис­чез­на­ти­те и колкумина ци­вили (Ал­бан­ци и Ма­ке­­дон­­ци, но и други) со живот ја пла­тија оваа рамковно-ох­ридска уба­ви­на. Второ, уче­с­ни­ци­те на кон­ф­лик­тот треба да до­би­јат тре­­ман првенствено како луѓе на кои им треба опш­т­ест­ве­­­на под­дрш­ка да ги из­ле­чат тра­умите од војната и конечно се интерираат во ци­вил­ниот жи­­­­­вот. Ако нешто ме радува, тоа е напредокот во јавното заго­ва­ра­­­­ње за РЕКОМ; поли­ти­ча­рите не од­­би­ва­ат да раз­го­ва­ра­ат на ов­аа те­­­­ма. И тоа е неш­­то… Со вакво Хашко финале и шла­­ка­ни­ца за прав­дата, и со на­­шата ам­нес­­тија, РЕКОМ добива на значење, како един­ст­ве­на надеж да не се за­борави она што не смее да се заборави, дури ни за некаков лажен мир во куќата или коа­ли­цијата.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.