РЕКОМ мрежа за помирување

Споменик на жртвите на масакрот во Уздол. Фото: Здружение на третата бригада Рама и на бранителите на Уздол.
BIRN_Uzdol_Spomenik_e1600090791763_Udruga

15.09.2020.

БИРН: Босанските Хрвати се сеќаваат на ‘суровиот и брутален’ масакр во Уздол

Balkan Insight, Balkan Transitional Justice, BIRN, War Crimes, Армија на БиХ, Босна 1993, Воено злостворство, Уздол 1993, Хрватскиот совет за одбрана (ХВО)

На годишнината од убиството на 29 хрватски цивили, меѓу кои имало и деца и стари луѓе, како и 12 борци на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО), извршено во септември 1993 година во селото Уздол, денеска во ова место беше одржана комеморација.

 

Семејствата на луѓето убиени пред 27 години, во брутален напад на силите на Армијата на БиХ, се собраа денеска во Меморијалниот центар Уздол во општината Прозор-Рама, за да ја одбележат годишнината од нивното убиство.

На 14 септември 1993 година, во нападот на Армијата на БиХ врз Хрвати во Уздол, Казимир Зеленика ја изгубил својата дванаесетгодишна ќерка Јадранка, своите татко и мајка, како и неколку роднини.

„Некои куќи останаа целосно празни. Многу е кога 41 лице ќе биде убиено во едно село“, рече Зеленика за БИРН пред комеморацијата.

Зоран Стојановиќ, жител на Уздол, посочи дека жртвите биле жени, деца и стари лица, од кои некои биле неподвижни.

„Убиени сопруг и сопруга беа најдени прегрнати во нивниот подрум“, вели Стојановиќ.

Тој објасни дека, покрај цивилите, биле убиени и 12 војници на ХВО.

Минатата година, Судот на Босна и Херцеговина, го осуди Енвер Буза, поранешен командант на самостојниот баталјон Прозор на Армијата на БиХ, на 12 години затвор, бидејќи не ги казнил своите  подредени за убиството на 27-те хрватски цивили во Уздол.

Судот утврди дека Буза, имал контрола врз единицата, која на 14 септември 1993 година, во раните утрински часови, извршила напад на селото Уздол и ги убила цивилите на „суров и брутален“ начин. Најмалата жртва била десетгодишно дете.

Повеќето луѓе, меѓу кои и три деца, биле убиени одблизу, се вели во пресудата.

Судот утврди дека Буза бил информиран за злосторството, но „дека се оглушил врзано за истрагата“.

 


 

Текст Босанските Хрвати се сеќаваат на „суровиот и брутален“ масакр во Уздол привично беше објавен на Balkan Insight/Balkan Transitional Justice.

 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.