РЕКОМ мрежа за помирување

Сувад и Мидхат Хргиќ, браќа на Хатиџа Мехмедиќ, исчезнати во 1992 година. Фото: БИРН.
BIRN_Nema-ga_Dan-nestalih_20200831

31.08.2020.

БИРН – „Го нема“: Видео сеќавања на исчезнатите луѓе во балканските војни

BIRN, ICMP, БИРН, Босна 1992, Будимир Маслар, Вишња Стаменковић, Косово 1999, Меѓународната комисија за исчезнати лица, Меѓународниот ден на исчезнатите лица, Мисрете Аслани, Новица Буха, Поранешна Југославија, Хатиџа Мехмедић

Семејства на исчезнати лица од Босна и Херцеговина, Косово и од Србија, го одбележаа Меѓународниот ден на исчезнатите лица, со емотивни видео сведочења за најблиските, кои не се пронајдени до денес, откако исчезнаа во војните во 90-тите.

Видеоинтервјуата, објавени по повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица, се продолжение на претходните направени со членови на семејствата на исчезнатите, објавени на Денот на вљубенитеДенот на таткото и по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Според Меѓународната комисија за исчезнати лица, по завршувањето на војните во поранешна Југославија, биле регистрирани околу 40.000 исчезнати. До денес, пронајдени се над 70 проценти од нив, а по повеќе од 11.000 сè уште се трага.

Владите на земјите од поранешна Југославија, според членовите на семејствата на исчезнатите, не сториле доволно за да обезбедат правда и да утврдат каде се наоѓаат посмртните останки на нивните најблиски, главно поради недостиг на меѓусебна соработка.

 

Хатиџа Мехмедиќ

Хатиџа Мехмедиќ од Босна и Херцеговина, чека вести за нејзините двајца браќа, Сувад и Мидхат Хргиќ, уште од 1992 година, кога биле однесени од нивниот семен дом во селото Кучице. Едниот брат „сакаше да нѐ собире и да нè угости“, додека другиот „сакаше секому да помогне“, се сеќава Хатиџа. Тие прво биле приведени во воената касарна во Хаџиќи, а потоа исчезнале, откако биле однесени во непознат правец. „Им се губи секоја траги“, вели Хатиџа.

 

Будимир Маслар

Будимир Маслар бил меѓу Србите кои побегнале од Косово во 1999 година, по завршувањето на војната. Тој сè уште ја бара својата сестра, Наталија Маслар, која не сакала да бега, туку инсистирала да остане во нејзината куќа во селото Требовиќ. Никогаш повеќе не ја виделе. „Тоа е моја доживотна мистерија, тоа е најголемата болка што ја преживувам, затоа што не знам каде ѝ се коските, барем да ја погребам, ако ништо друго“, вели Будимир.

 

Мисрете Аслани

Мисрете Аслани сè уште се сеќава на моментот кога на 26 март 1999 година, за последен пат го видела својот сопруг Фехим, кого го одвеле вооружени лица. „Последен пат кога го погледнав неговото лице, кога нашата, тогаш четиригодишна ќерка, не сакаше да ја пушти неговата рака“, се сеќава таа. Нејзиниот сопруг, заедно со уште 118 мажи и момчиња, вклучувајќи ги и нејзините двајца браќа, биле заклучени во куќа во косовското село Мала Круша. Потоа биле стрелани, а куќата била запалена. Неговите посмртни останки не се пронајдени до денес.

 

Новица Буха

Новица Буха од Сараево, сè уште трага по својот брат, Јанко Буха, и зетот,  Душан Петровиќ. Двајцата биле одведени во јуни 1992 година, и оттогаш никој повеќе не ги видел. „Барав – каде и да најдев нешто, одев и прашував дали некој знае каде се“, истакнува Буха.

 

Вишња Стаменковиќ

Рано наутро на 28 јуни 1999 година, веднаш по официјалното завршување на војната во Косово, Вишња Стаменковиќ, ја испила последната шолја кафе со сопругот Жарко. Тој потоа ја одвезол на работа во болницата во Приштина, а потоа и самиот заминал на работа, од каде никогаш повеќе не се вратил дома. „Чекав и чекав, а потоа сфатив дека тој е киднапиран, исчезнат“, рече таа. „Го нема“.

 


 

Извештајот „Го нема“: Видео сеќавања на исчезнатите луѓе во балканските војни е пренесен од Balkan Insight; Video: YouTube/BIRN

 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.