22.03.2016.
Дебата во Подгорица: Како политичарите гледаат на процесот на помирување во регионот?[Галерија]
Центарот за граѓанско образование (ЦГО) и Коалицијата за РЕКОМ, на 17 март 2016 година во ПР Центарот ја организираа втората по ред дебата за помирувањето, на тема „Како политичарите гледаат на процесот на помирување во регионот?“
Настанот собра околу 50 претставници на политички партии, невладини организации, на Владата, правосудството, медиумите и дипломатскиот кор.
Оваа дебата е дел на проектот Јакнење на процесот за воспоставување на РЕКОМ (II фаза), кој е финансиран од Европската комисија, CCFD (Францускиот католички комитет против глад и за развој) и Фондацијата Rockefeller Brothers.