26.03.2015.
Додик за „Политика“: Сребреница бара еден нов пристап
Во интервју за „Политика“, на 25.03.2015 година, Додик рече дека институциите на Република Српска не криеле ниту еден злосторник и дека му е жал за оние кои страдале.
„Тоа е огромно злосторство, кое направи и огромна политичка непријатност. Тоа го покажува и оваа пропаганда кој се обидува да создаде слика според која сите Срби се потенцијални убијци во Сребреница. Србите никогаш во минатото не чинеле недела; напротив, се однесувале витешки, а не кукавички, како што се однесуваа и во Сребреница. Тоа не беше борба за српството, туку најголем удар за српството! Сребреница бара еден нов пристап и ново преиспитување на стварноста, кое би го прифатиле сите. Ние ја сакаме вистината за тоа, а тоа би можело да се постигне преку нова меѓународна комисија, која какви податоци и да даде – ние сме подготвени да ги прифатиме“.