16.11.2014.
Употреба на фактите за војните во филмот – X Меѓународен форум за транзициска правда во постјугословенските земји
Сесијата ја модерираше режисерот Лазар Стојановиќ.
Целта беше да се испита и искоментира улогата на филмот како средство на опредметување на тој агол и како инструмент на истражување на личноста и контекстот во однос на овој специфичен и запоставен проблем.
Филмот „Tри прозорци и едно бесење“, чиј автор е Иса Ќосја, зборува за една силувана Албанка, која од жртва станува виновник, бидејќи својата приказна ја изнела во медиумите. Режисерот Jанко Баљак зборува за темелното истражување на кое е заснован неговиот филм „Вуковар – последниот рез“ и за единственото искуство на работа на првата копродукција на Хрватска и Србија на ваков вид филм. Ивана Лалиќ, авторка на филмот „Сведоци“, ги прикажа снимките од изјавите на клучните сведоци во судските процеси за насилство над цивилите на Косово. Прифаќањето на улогата на заштитен сведок драстично го менува и натамошниот живот во заед ницата и сфаќањето на настанот за кој сведочи од страна на сведокот, а понекогаш и остатокот од животот на таа личност, вклучувајќи го и нејзиниот идентитет. „Деца како сите други“, филма на Пјер Жалица, е поглед на децата кои излегле од војната оштетени, и телесно и душевно. Откривајќи го нивниот внатрешен свет, Жалица истакна дека во БиХ нема деца кои се неоштетени од војната.