РЕКОМ мрежа за помирување

foto-HIPERMNEZIJA-svi

09.03.2015.

Претстави кои се занимаваат со војната во Југославија

Во рамки на сесијата Употребата на фактите во уметничките дела на Десеттиот форум за транзициска правда, прикажано беше воведно видео со делови од шест претстави кои се занимаваат со војната во Југославија и со фактите поврзани со неа.

Прикажана е воведна видео снимка со делови од шест претстави кои се занимаваат со војната во Југославија и фактите поврзани со него; еден од нив, од претставата „Хипермнезија“ во режија на Селма Спахиќ (БиХ), е особено „смешен, бидејќи ги покажува збудалените станари на еден сараевски облакодер, разместувани на граничната линија по националност од страна на еден војник, кој бара да потпишат дека доброволно го напуштаат својот имот… Кога ќе се изгледа целото видео, може на пример да се видат момчиња кои се глумат самите себе („Генерација 91-95“, режија: Борут Шепаровиќ, Хрватска), а чии родители или општеството со своите отровни идеологии на омраза сакале да ги турнат во војна, или пак, може да се види косовското општество („Patriotic Hipermarket”, режија: Дино Мустафиќ) во кое и Србите и Албанците признаваат дека се „гомна и едните и другите“ и дека многу несреќи се направени поради глупост, расипаност и примитивизам. Прикажан е и дел од претставата „Aлександра Зец“ (режија: Оливер Фрљиќ, Хрватска) која опишува автентичен настан, убиството на малолетната Александра Зец, нејзиниот татко и мајка, како и целиот талог на вина и одговорност кои ја оптоварија совеста на хрватското општество… Видовме и театарски извештај на преживеаните од Сребреница („Potočari Party”, режија: Стеван Бодрожа, Србија), како и из вештајот за фундаменталното вознемирување на јавноста во Словенија, по повод претставата „Избришани“, на режисерот Оливер Фрљиќ. Сесијата ја модерираше театарскиот критичар Бојан Муњин.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.