РЕКОМ мрежа за помирување

15.09.2023.

III обновен повик за проекти на граѓански организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Северна Македонија и Косово

subgranting, РЕКОМ мрежа за помирување

Центар за граѓанско образование (ЦГО), во име на Мрежата за помирување РЕКОМ, го обновува III повик за проекти на граѓански организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Северна Македонија и Косово.

 

До 20 септември 2023 година можете да поднесете предлог-проекти, кои придонесуваат за ширење на знаењата за судските факти и зајакнување на гласот на жртвите, прифаќање и откривање на факти за воени настани и злосторства во локалната заедница, градење регионална култура на сеќавање и помирување. 

За учество може да се пријават сите организации на граѓанското општество (ГО) кои: 

– имаат статус на правно лице во согласност со националните прописи во БиХ, Северна Македонија, Србија, Косово или Црна Гора; 

– непрофитни; 

– активни на ниво на локална заедница; 

– имаат организациски капацитети и се директно одговорни за подготовка и реализација на проекти (со партнери, доколку ги има).

 

За да се пријавите на повикот потребно е да пополните: Апликација и предлог буџет. Ве молиме внимателно прочитајте го деталниот Водич пред да ги пополните овие формулари. 

Пријавата за конкурсот, заедно со придружната техничка документација, се испраќа по е-пошта на адресата: recom.call@cgo-cce.org, со назнака – „Поддршка на локални граѓански организации – Мрежа за помирување РЕКОМ“. 

Дополнителни информации можете да добиете со испраќање на прашање на е-пошта на адресата:  recom.call@cgo-cce.org, најдоцна до 18 септември 2023 година. 

Вкупниот износ на средства за спроведување на обновениот трет конкурс е 43.000 евра, а најголемиот износ на поединечен грант е 7.000 евра. 

 

НАПОМЕНА: Сите апликации кои беа доставени по III повик ќе се сметаат за поднесени пријави и на овој обновен конкурс. Во случај кога организациите во меѓувреме имаат добиено средства за спроведување на пријавениот проект или сакаат да ги променат своите активности, неопходно е да се извести Центар за граѓанско образование (ЦГО). 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.