21.06.2012.
Јавните заговарачи на Иницијтивата РЕКОМ на состанок со амбасадорите на земјите на ЕУ
Белград,21.6.2012
Заговарачите на Иницијативата РЕКОМ вчера ги информираа амбасадорите на земјите на ЕУ во Србија за резултатите и предизвиците во процесот на придобивање на поддршка од државните институции да преземат одговорност за основање на РЕКОМ. На состанокот кој во Белград го организираше Делегацијата на Европската комисија во Србија, шефот на делегацијата Винсент Дегерт ги потсети учесниците дека институциите на ЕУ ја поддржува Иницијативата за основање на РЕКОМ, зашто таа придонесува за јакнење на регионалната соработка во соочувањето со минатото.
Јавните заговарачи побараа поддршка од амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во комуникациите со домашните политичари, за процесот РЕКОМ да стане меѓудржавен проект кој нуди излез од минатото и гаранции дека злосторствата нема да се повторат. Заговарачите на учесниците на состанокот им ја претставија „ Косовската книга на паметење“, која ги содржи имињата на жртвите од судирите на Косово во 1998. година, како доказ на решеноста на организациите за човекови права да помогнат во остварувањето на најважната задача на РЕКОМ: именување на настраданите, на убиените и на исчезнатите во војните од деведесеттите години.
Амбасадорите искажаа поддршка за процесот на помирување во регионот преку кажување на вистината од агол на жртвите која ја нуди Иницијативата РЕКОМ. Тие истакнаа дека процесот на соочување со недамнешното минато е од мошне голема важност за регионот.
Од Коалицијата за РЕКОМ, на состанокот присуствуваа јавните заговарачи Наташа Кандиќ и Динко Грухоњиќ, како и Маја Мициќ, член на Коалицијата, од Иницијативата на млади за човекови права.