23.04.2010.
Правничка заедница-Белград, Србија-23.04.2010.
Национални консултации, правничка заедница, СрбијаНационални консултациите со правничката заедница во Србија за Иницијативата за основање на РЕКОМ
Националните консултациите со правничката заедница во Србија за Иницијативата за основање на РЕКОМ ги организираше Фондот за хуманитарно право. Консултациите се одржаа во свечената сала на Скупштината на градот Белград. Учествуваа 32 правници, најмногу адвокати. Учествуваа и неколку судии (Снежана Николиќ Гаротиќ, судија на Вишиот суд во Белград, Мирослав Алимпиќ, судија на Вишиот суд во Нови Сад и Драган Јаниќиевиќ, претседател на судија на Вишиот суд во Јагодина), соработнички во Одделението за воени злосторства на Вишиот суд во Белград, Миољуб Виторовиќ од Обвинителството за воени злосторства на Република Србија, како и претставници на мисијата на ОБСЕ и на Советот на Европа во Србија. Воведничарка беше Наташа Кандиќ (Фонд за хуманитарно право, Србија), која и модерираше дел од консултациите под назив „Mандат, цели и односот на РЕКОМ спрема судењата за воени злосторства“. Зошто ни е потребен РЕКОМ образложи Драган Поповиќ (Иницијатива на младите за човекови права, Србија). За животните и за правните факти (утврдување, квалификација) зборуваше Јасминка Хасанбеговиќ (професор на Правниот факултет во Белград, Србија).
Транскриптот и видео-снимката се достапни само на на БХСЦ јазици.