26.04.2009.
НВО и здруженија на жртвите-Сребреница, БиХ-26.04.2009.
2009, БиХ, здружениа на жени, локални консутлации, НВОЛокални консултации со здруженијата на жртвите и невладините организации за Иницијативата за РЕКОМ
Вторите по ред консултации во Босна и Херцеговина ги организираше Форум на граѓаните на Тузла, член на Групата за координација на консултациите во БиХ. Во работата учествуваа 35 претставници на здруженија на жртвите и членови на семејствата на настраданите, локалните невладини организации, еден претставник на младинско здружение, една студентка и една новинарка. Во консултациите учествуваше и имам од Сребреница. Учесници претежно беа од Сребреница, Братунац и Зворникa, како и еден претставник на жртвите од Власеница. Воведничари беа Весна Тершелич (Documenta, Хрватска), Богдан Иванишевиќ (Меѓународен центар за транзициска правда) и Бранко Тодоровиќ (Хелсиншки одбор за човекови права во Република Српска, БиХ), a собирот го модерираше Вехид Шехиќ (Форум на граѓаните на Тузла, БиХ). Воведно излагање имаше и Амир Кулагиќ (член на Координативниот совет, Сребреница, БиХ). Известуваа Press, САН, Дневни аваз, Ослобоѓење, Дневни лист, Независне новине, Тузлански лист, БХТ1, ФТВ.
Транскриптот и видео-снимката се достапни само на на БХСЦ јазици.
Predlozi, misljenja, sugestije