РЕКОМ мрежа за помирување

IMG_8930

15.11.2014.

Никола Шашо

Никола Шашо, бегалец од Хрватска. Неговите родители, Љубица и Петар, живееле на Банија, во селото Љесковац. Mајката била неподвижна. Убиени се на 5 август 1995 година, во Двор на Уна. Ја напуштиле колоната бегалци и се пријавиле за останок во Хрватска.

„(…) Долго чекавме, деветнаесет години, но ви посакувам да најдете психички мир како што ние сега најдовме. Ние успеавме да ги погребаме своите родители во Белград. Тие го добија својот вечен дом, тие нивни коски. Ние сме задоволни со тоа. Е сега, овој другиот дел треба да настапи, да се најдат оние кои ги извршиле тие злосторства, но дури тоа ќе биде од по маките“.

Посмртните останки на Љубица и на Петар Шашо се пронајдени во масовната гробница во близина на Двор на Уна во 2014 година.

За трагедијата на своите рдоители, Никола Шашо зборуваше на Десеттиот форум за транзициска правда, како и на Петтиот форум за транзициска правда, во време кога телата на неговите родители сѐ уште не беа пронајдени.

Сведоштвото е достапно само на БХСЦ јазици. 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.