РЕКОМ мрежа за помирување

zvornik_001

09.06.2015.

Одбележана годишнина од масакрот во Зворник

Дваесет и три години по убиствата на стотици луѓе, извршени во градот Зворник, од страна на силите на босанските Срби и паравоените сили, само мал број на лица се осудени за воени злосторства.

 

birn

 

Здруженијата на жртви, во понеделник ја одбележаа 23-годишнината од убиствата на 438 лица  во Зворник, североисточна Босна и Херцеговина, и побараа и другите сторители да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Имено, на 8 Јуни 1992 година, повеќе од 190 мажи биле убиени во кланицата Геро, 88 во училиште во Дрињача и 160 во училиште во Каракај.

„Зворник беше една од првите области во Босна, каде што имавме масовни злосторства (во војната 1992-1995). Како семејства на оние што беа убиени, сакаме овие злосторства да бидат кривично гонети“,  изјави за БИРН, претседателот на Здружението на семејства на затвореници и исчезнати лица од Зворник, Ахмет Грахиќ.

„Имавме некои судски процеси во Белград, од кои имавме две или три судења за Зворник, но тие беа за злосторства во логори, а за другите кривични дела, масовни убиства, немавме ниту едно“, додаде тој.

Судот во Белград осуди седум лица во три случаи, за воени злосторства во Зворник, на вкупно 68 години затвор. Пред специјалниот суд во тек е четвртиот случај, што се води против шест лица, кои се обвинети за воени злосторства во селото Скочиќ, во близина на Зворник. Имаше неколку судења и пред Државниот суд на БиХ, но обвинетите беа обични војници и полицајци, обвинети за поединечни злосторства, а не команданти.

„Особено сме незадоволни со гонењето на злосторства во Босна и Херцеговина. Злосторствата во Зворник се дамка врз човековото достоинство, со бројни масовни гробници и убиени лица, а нашето државно обвинителство прави многу малку“, рече Грахиќ.

Борис Грубешиќ, портпарол на босанското државно обвинителство, вели дека во моментов се водат неколку истраги за злосторства извршени во Зворник и неговиот регион.

„Активно работиме на овие истраги и особено сме задоволни од соработката што ја добиваме  од нашите колеги во Србија, со оглед дека некои случаи за Зворник, беа судени во Србија“, рече Грубешиќ.

Масовните убиства извршени во мај и јуни 1992 година, вклучувајќи ги и оние од кланицата Геро, и училиштата во Дрињача и Каракај, се дел од обвинението против поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, во Хашкиот трибунал.

Според обвинението против Караџиќ, злосторствата во Зворник во 1992 година, достигнале размери на геноцид. Во текот на судењето, Караџиќ се обиде да докаже дека паравоените сили биле виновни за злосторствата.

Грахиќ вели дека Караџиќ треба да ја открие вистината за останките на исчезнатите лица, убиени во регинот на Зворник пред 23 години.

„Да беше до мене, сам ќе побарав од Караџиќ да им каже на семејствата на жртвите каде се останките на убиените. Ние и натаму трагаме по повеќе од 400 лица, исчезнати за време на војната“, потенцира Грахиќ.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.