РЕКОМ мрежа за помирување

grafika-skupstina

15.01.2015.

Извештај за процесот РЕКОМ: oктомври – декември 2014

grafika-skupstina

Претставниците за РЕКОМ го завршија својот мандат на 28.10.2014 година. Во рок од една година, со заедничка работа и во консултација со претседателите и членовите на Претседателството на БиХ од кои беа делегирани, тие ги составија Измените на Статутот на РЕКОМ, кои според нивното мислење ги одразуваат уставно-правните можности за основање на РЕКОМ.

VII Собрание на Коалицијата за РЕКОМ

Во согласност со правилата на Коалицијата за РЕКОМ, Собранието на Коалицијата ја донесува одлуката за давање поддршка на Измените на Статутот на РЕКОМ, кој беше усвоен на 26.3.2011 година.

По тој повод, на 14 ноември 2014 година во Белград (Србија), Коалицијата одржа Собрание, седмо по ред, со учество на 104 делегати, кои претставуваа 1950 членови/членки. Со само еден глас против и два воздржани, делегатите ги поддржаа Измените на Статутот на РЕКОМ, кои ги составија претставниците на претседателите на Црна Гора, Србија, Хрватска и Косово, на бошњачкиот и хрватскиот член на Претседателството на БиХ, а во врска со задачата да се испитаат уставно-правните можности за основање на РЕКОМ во секоја земја посебно.

Во богатата расправа, делегатите оценија дека со Измените „е сочувана суштината на предлогот на Статутот, дека укинувањето на репресивните овластувања ги отстранува сомнежите дека РЕКОМ ја презема надлежноста на судските органи, како и дека процедурата на кандидирање и на избор на изборните одбори и членови на Комисијата значително се поедноставува“. Во име на Коалицијата за РЕКОМ, делегатите силно ги поздравија измените во финансирањето на Комисијата, со кои се предвидува РЕКОМ да се финансира со домашни и странски донации, како и со средства од меѓународни организации, но не и од придонеси на државите, како што предлагаше Коалицијата. Делегатите особено ја поздравија заложбата на претставниците една од целите на Комисијата да биде и „унапредувањето на образовните програми во согласност со фактите утврдени од Комисијата“.

По по вод поддршката за Измените на Статутот, во обраќањето до јавноста, Коалицијата истакна дека меѓу претставниците и претседателите/членовите на Претседателството е постигната целосна согласност за тоа дека Комисијата треба да ги утврди фактите за воените злосторства и другите кршења на човековите права, извршени во периодот од 1 јануари 1991 година до крајот на декември 2001 година. Како што се укажа, во врска со задачата на РЕКОМ да ги „истражи политичките и општетсвените околности кои имале решавачко влијание за избивање на војните, како и за извршувањето на воените злосторства и другите повреди на човековите права“, беа изразени две мислења: „клучно е РЕКОМ да ги истражи причините за војната“ и „истражувањето на причините на војната е можно само откако ќе се утврдат фактите за воените злосторства“, кои се во целоснa сoгчасност со предлозите на Коалицијата за РЕКОМ.

Извештај за процесот РЕКОМ-oктомври – декември 2014

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.