01.12.2015.
Tркалезна маса во Скопје на Иницијативата за РЕКОМ
Збирен извештај за траклезната маса во рамки на Иницијативата за РЕКОМ
27.11.2015
Скопје
На 10-ти Ноевмри 2015 година, во хотел Порта, Скопје, Центарот за истражување и креирање политики организираше тркалезна маса во рамките на Иницијативата за РЕКОМ. На тркалезната маса учествуваа релевантни гости како што се поранешни воени функционери, млади креатори на политики, НВО активисти, професори, а учевство зедоа и студентите од Школата за јавна политика “Мајка Тереза”. Настанот беше поделен на два дела. Првиот беше посветен на излагањата на говорниците, додека пак во вториот дел следуваа прашања и коментари од страна на учесниците.
Во поглед на говорниците, воведниот говор беше даден од страна на проф.д-р Жидас Даскаловски (национален заговарач на РЕКОМ) кој исто така го претстави и најновиот Извештај на специјалниот известувач Пабло де Гриф при Советот на ОН за човекови права кој се однесува на промоција на вистината, правдата, репарацијата и гаранциите на не-повторување. Следен говорник беше проф.д-р Ерик Горди кој имаше презентација на темата “Југо-источна Европа, ЕУ, и помирувањето”. По него следеше излагањето на проф.д-р Билјана Ванковска, која ја претстави највновата публикација под наслов “Зборник – транзициска правда и помирување”. Проф. д-р Ванковска нагласи дека овој зборник треба да најде широка примена и да биде сфатен како водич за регионалните напори кои имаат за цел воспоставување на одржливи и демократски односи меѓу сите етнички групи и земји на Балканот. Последен говорник беше г-дин Раим Лимани, професор во средно училиште и поранешен член на ОНА. Тој нагласи дека сите етнички групи во Македонија треба заеднички да учевствуваат во градењето мултиетничко општество кое ќе биде инклузивно за секој поединец. Според него, ова треба да биде почетна точка на секоја политичка партија и приоритет број 1 на секој чинител во политиката, државен службеник или соодветно лице вклучено во државните текови.
Вториот дел од настанот, како што споменавме погоре, беше посветен на прашања одговори и коментари. Повеќето од учесниците се интересираа за модалитетите и алатки за поттикнување на процесот на помирување во Македонија и состојбите во регионот по однос на ова прашање. Дополнително, учесниците беа заинтересирани и за последиците и влијанието на мигрантскиот прилив на државните и регионални иницијативи за градење на одржлив и траен мир.
Тркалезната маса беше затворена со осврт на заклучоците, а се најави и следниот настан во рамки на Иницијативата за РЕКОМ, кој треба да се одржи кон крајот на Декември 2015 година во Скопје, со различни теми и говорници, а релевантни кон целта која ја носи Иницијативата за РЕКОМ.
Жидас Даскаловски,
Претседател на ЦИКП и национален заговарач за Иницијативата за РЕКОМ
Транскрипт-Скопје.10.11.2015-македонски