16.11.2014.
X Меѓународен форум за транзициска правда во постјугословенските земји
Достигања и приоритети
X Форум беше посветен на достигнувањата во транзициската правда, на приомоцијата на употребата на фактите во уметничките дела и на слушањето на гласот на жртвите. Форумот беше одржан на 15 и 16 ноември во Белград, во организација на Коалицијата за РЕКОМ. Во работата на Форумот учествуваа 158 членови на Коалицијата за РЕКОМ и 150 претставници на организациите на цивилното општество, уметници, писатели, научни истражувачи на транзициската правда, новинари и други поединци, кои професионално и активистички се занимаваат со транзициската правда во постјугословенските земји. на Форумот зборуваа дванаесет панелисти, и тоа за постигнувањата во областа на транзициската правда низ призма на цивилното општество и на академската заедница, а за употребата на фактите во уметничките дела зборуваа шестнаесет панелисти; за личните искуства од војната и трагањето по посмртните останки на своите најблиски зборуваа дванаесет жртви.
Форумот го отворија Наташа Кандиќ, координаторката на проектот РЕКОМ, и професорот Здравко Гребо, јавен заговарач за Иницијативата за РЕКОМ. Тие најавија нова фаза во процесот РЕКОМ, во која Коалицијата ги следи, им помага и ги поттикнува државните институции да го основаат РЕКОМ. Ги повикаа и членовите на Коалицијата да се подготват за нови активности и предупредија дека на Балканот промените се случуваат од миг в миг.
VII Собрание на Коалицијата за РЕКОМ
На 14 ноември 2014 година во Белград (Србија), Коалицијата одржа Собрание, седмо по ред, со учество на 104 делегати, кои претставуваа 1950 членови/членки. Со само еден глас против и два воздржани, делегатите ги поддржаа Измените на Статутот на РЕКОМ, кои ги составија претставниците на претседателите на Црна Гора, Србија, Хрватска и Косово, на бошњачкиот и хрватскиот член на Претседателството на БиХ, а во врска со задачата да се испитаат уставно-правните можности за основање на РЕКОМ во секоја земја посебно.
По по вод поддршката за Измените на Статутот, во обраќањето до јавноста, Коалицијата истакна дека меѓу претставниците и претседателите/членовите на Претседателството е постигната целосна согласност за тоа дека Комисијата треба да ги утврди фактите за воените злосторства и другите кршења на човековите права, извршени во периодот од 1 јануари 1991 година до крајот на декември 2001 година. Како што се укажа, во врска со задачата на РЕКОМ да ги „истражи политичките и општетсвените околности кои имале решавачко влијание за избивање на војните, како и за извршувањето на воените злосторства и другите повреди на човековите права“, беа изразени две мислења: „клучно е РЕКОМ да ги истражи причините за војната“ и „истражувањето на причините на војната е можно само откако ќе се утврдат фактите за воените злосторства“, кои се во целоснa сoгчасност со предлозите на Коалицијата за РЕКОМ.
Употреба на фактите за војните во филмот – Сесијата ја модерираше режисерот Лазар Стојановиќ
Панел за театарот на Десеттиот форум за транзициска правда – Бојан Муњин