29.11.2012.
Ванковска: Да не им оставиме на децата гробови и неизбројани жртви
Иницијативата за формирање Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства сторени од 1991 до 2001 година (РЕКОМ) опфаќа над 1.800 невладини организации и здруженија од целиот регион |
|
|
|
БИЛЈАНА ВАНКОВСКА, ЈАВЕН ЗАГОВАРАЧ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ СО ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА Професорката Билјана Ванковска е јавен заговарач во Македонија на иницијативата за формирање Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства сторени од 1991 до 2001 година (РЕКОМ), која опфаќа над 1.800 невладини организации и здруженија од целиот регион. Таа е поддржана од ОН, ЕУ, Советот на Европа, голем број држави и меѓународни невладини организации. Досега иницијативата се одвиваше главно на ниво на цивилно општество, низ еден повеќегодишен консултативен процес, чиј краен продукт е документ, т.е. Статут на РЕКОМ, кој сега треба да го прифатат седумте држави од регионот (од Словенија до Косово и Македонија), и да преземат мерки за конституирање на ова меѓудржавно тело, кое би ги утврдило фактите за сите злосторства, учесниците, жртвите за да остане веродостојна документација за идните генерации. Тоа тело ќе има задача да направи интегрален извештај, запис за сите жртви, без разлика на припадноста, а тоа ќе го направи со увид во архивите и државните документи, повикување сведоци што јавно ќе сведочат и со собирање факти – но ќе нема судска функција. Како јавен заговарач на иницијативата РЕКОМ неодамна се сретнавте со претседателот Иванов и со министерката Јанкуловска. На каков прием наидува иницијативата кај нашите политичари? – Најнапред е важно да објаснам која е улогата на јавниот заговарач и зошто сега дејствуваме на ваков начин. Откако Коалицијата за РЕКОМ, т.е. цивилниот сектор заврши „лавовски“ дел од работата со тоа што го состави Статутот, беше одлучено дека е созреано време за лобирање кај политичарите, кои единствено можат оваа идеја да ја претворат во реалност. За секоја држава од регионот има една јавна личност, која ја врши мисијата на јавно заговарање. По уличната акција во која граѓаните испраќаа разгледници со барање да се формира РЕКОМ до претседателите, а која се одржа во септември, претседателот Иванов реагираше прв. Му ги предочив сите аргументи зошто е потребно формирање на комисија, но морам да признаам дека тој веќе беше добро информиран. Сега тој сака да слушне од членовите на Регионалниот тим на јавни заговарачи како стојат работите на регионален план за да ја има пошироката слика. Затоа, јас и колегите Жарко Пуховски (Хрватска) и Здравко Гребо (БиХ) ќе одиме на уште една средба со Иванов. По мое барање бев примена и од министерката Јанкуловска. Од првите средби сум охрабрена, бидејќи добив впечаток дека ова не е табу-тема и дека политичарите се свесни дека конфликтот ќе го оставиме зад нас само тогаш кога ќе одговориме на прашањата на жртвите, т.е. ќе го признаеме нивното страдање. Како гледате на некои настани, како што е да речеме ослободителната пресуда за хрватските генерали Готовина и Маркач во Хаг? Дали со таквата одлука процесот на помирување на некој начин се враќа назад? Граѓаните на Македонија, како и оние од другите бившојугословенски земји, ќе имаат најголема корист на долг рок ако помирувањето ги замени национализмот, омразата и постојаното навраќање кон минатото… Претседателите имаат политички и морален авторитет Која е заложбата на претседателот Иванов? Како може конкретно да помогне, дали најави конкретни чекори за формирање на комисијата? |