20.03.2020.
Кампања за собирање потписи
Кампањи
Кампањата за собирање потписи на поддршка за основање на регионална комисија, РЕКОМ– Дај потпис! започна на 26 априли траеше до 30јуни 2011 година, и тоа со активности кои се одвиваа истовремено во Подгорица (акцијатарегионално одмрзнување), во Белград и Загреб (улични акцииПолни раце минато), во Сараево и Бања Лука, Приштина, Љубљана и Скопје. Потписи се собирани и во други градови ширум некогашна Југославија.
Регионалната координација на кампањата ја реализираше Иницијативата на младите за човекови прававо Хрватска и во Србија, а во секоја од земјите во регионот кампањата беше координирана од страна на локални организации, претежно оние кои ги собираат младите активисти и активистки – на Косово тоа беше младинската групаIntegra, во Македонија Mладинскиот образовен форум – MOФ, во Словенија Zavod Akademija naprednih idej, во БиХPRONI иOmladinski resursni centar, a во Црна ГораCentar za monitoring – CEMI.
Во период подолг од два месеца активисти и активисткиширум регионот реализираа акции во чии рамки на граѓаните/граѓанките им беа објаснувани причините за потребата од основање на РЕКОМ и ги повикуваа да дадат потписи на поддршка. Истовремено, медиумите известуваа интензивно за акциите и за настаните во рамки на кампањата, меѓу кои и за средбите на претставниците на Коалицијата за РЕКОМ со претставниците на власта од сите држави или за потписите на поддршка кои ги упатуваа бројни личности од сите сфери на јавниот живот.
Меѓу попознатите личности кои дадоа јавна поддршка за Иницијативата за РЕКОМ во рамките на оваа кампања се и следните: Мирсад Кебо, Сулејман Тихиќ, Алија Бехмен, Салмир Каплан, Бесима Бориќ, Иван Ловреновиќ, Дино Мустафиќ, Денис Тановиќ, Живко Будимир, Светозар Пудариќ, Садаик Ахметовиќ, Славен Ковачевиќ, Адмил Мулачиќ, Армин Халитовиќ, Oбрен Петровиќ, Aлбин Муслиќ, Нермин Огрешевиќ, Рифет Долиќ, Кенан Кесеровиќ, Dennis Gratz, Мартин Рагуж, Лидија Кораќ, Ферида Дураковиќ, Eрмин Браво, Харис Пашовиќ, Жељко Комшиќ, Јелена Триван, Бојан Пајтиќ, Oливер Ивановиќ, Чедомир Јовановиќ, Горан Свилановиќ, Миљенко Јерговиќ, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, Војин Димитријевиќ, Биљана Србљановиќ, Биљана Цинцаревиќ, Mирјана Карановиќ, рада Трајковиќ, Ферид Агани, Влатко Ѓорчев, Данило Тирк, Павел Гантар, Зденка Чебашек Травник, Јелко Кацин, Tања Фајон, Игор Лукшиќ, Филип Вујановиќ, Хашим Тачи, Иса Мустафа, Адријаном Ѓини, Слободан Узелац, Жељко Сабо, Еди Штифаниќ, Дамир Јелиќ, Франко Видовиќ, Давор Влаовиќ, Mирела Холи, Шиме Лучин, Ингрид Античевиќ Мариновиќ, Joсип Леко, ненад Стазиќ, Каролина Леаковиќ, Дамир Кајин, Ратко Гајица, СтјепанМесиќ, Слободан Шнајдер, Шандор Егереши, Јудита Поповиќ, Aлександра Јерков, Жарко Кораќ, Шаип Камбери, Весна Мартиновиќ, Зоран Јаковљевиќ, Немања Делиќ, Саша Вучиниќ, како и претседателот на Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ, Ненад Чанак, Риза Халими, Млаѓан Динкиќ, Вук Драшковиќ, Родољуб Шабиќ, и многу други.
Во текот на оваа кампања беа собрани преку 500.000 потписи. Акцијата на собирање потписи продолжува и натаму.