27.01.2011.
Консултации во Сараево и Скопје
Национални консултации со претставници на невладини организации за нацрт Статутот на Регионалната комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и други тешки кршења на човекови права во поранешна Југославија(РЕКОМ) ќе се одржат на 29 јануари во Хотел „Гранд“ во Сараево со почеток од 10 часот.
Учество досега потврдија 30 претставници од невладини организации од цела БиХ. На консултациите ќе се разговара и за задачите и надлежноста на идната комисија, изборот на членови и нејзините должности.
Во Скопје ќе се одржат регионални консултации за Иницијативата за РЕКОМ со претставници на немнозинските заедници од регионот во хотелот “Holiday In” со почеток од 10 часот.
Околу 40 претставници од здруженијата на малцинските заедници и претставниците на национални совети на малцински заедници од сите земји на поранешна Југославија ќе дадат свое мислење за идната комисија.
Ова се последни консултации за нацрт Статутот на РЕКОМ пред негово конечно усвојување на Осмиот регионален форум за транзициска правда кој ќе се одржи во во март годинава во Сараево.