РЕКОМ мрежа за помирување

04.11.2010.

Верските заедници-Сараево, БиХ-04.11.2010.

2010, БиХ, верски заедници, логораши, Нацрт статут, регионални консултации

Регионалните консултации со претставниците од верски заедници и цркви ги организираа здружението БХ новинари и Центарот за информативно – правна помош и членови на Коалицијата за РЕКОМ од БиХ. Во работата учествуваа вкупно 51 лице; црковни великодостојници, претставници од верските заедници, невладини организации и академски институции. Меѓу нив и набљудувачи од амбасадите на Македонија и Хрватска, како и од меѓународните организации: UNDP, Мисија OSCE во БиХ, Делегација од Европската комисија во БиХ.

Поради организациски пропуст, на консултациите не присуствуваа учесници од Косово, како и претставници од СПЦ од Србија и Косово и Католичката црква од Хрватска. Организаторот беше присилен претставникот од ЦПЦ, митрополитот Михаил, односно Мираша Дедејиќ, да го замоли да се откажи од учеството поради условувањето на претставниците од СПЦ и Католичката црква.

Во расправата доминираше поддршката за основање на РЕКОМ, а се одвиваше во изразито толерантен дух и конструктивната атмосфера која укажуваше на вистинската потреба за соработка на црквите и верските заедници во овој процес.

Медиумите покажаа голем интерес за консултациите, кои ги следеа повеќе од 20 новинари од целиот регион. РТС и дневникот Блиц пратија екипи од Белград, а од Хрватска присуствуваше екипа од порталот Križ života.

Преглед на предлозите, мислењата и препораките

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.