20.03.2020.
РЕКОМ за иднината на младите
КампањиАкцијата „РЕКОМ за иднината на младите“ беше одржана на 24 октомври 2012 година, истовремено во Бања Лука, Сараево, Приштина, Загреб, Белград, Подгорица и Скопје. За време на акцијата 1,421 граѓани ја потпишаа петицијата за основање на РЕКОМ, а 57 поедници станаа членови на Коалицијата за РЕКОМ. Активистите на Коалицијата за РЕКОМ го поделија летокот „РЕКОМ за иднината“ во кој на кратко е прикажан развојот на Иницијатива за РЕКОМ, како и последниот број на !Глас на Иницијативата за РЕКОМ.
Под насловот „РЕКОМ за иднината на младите“, Иницијативата на младите за човекови права (ИМЧП) во Србија организираше трибини и акција за собирање потписи во шест градови во Србија: Нови Сад на 12 ноември 2012г., Крагуевац на 14 ноември 2012 г., Зрењанин на 19 ноември 2012 г., Пирот на 20 ноември 2012 г., Суботица 22ноември 2012г., и Ниш на 23 ноември 2012г. На трибините за процесот РЕКОМ говереа членовите на Коалицијата. Целта беше да се приближи Иницијативата до младите во помалите места, како и да им се даде можност на граѓаните надвор од главните градови лично да ја поддржат Иницијативата за РЕКОМ и да дознаат повеќе за самиот процес.
Видео прилогот е на БХСЦ јазиците.