РЕКОМ мрежа за помирување

Logo-REKOM-Trcim-za-rekom

20.03.2020.

Трчам за РЕКОМ

Кампањи

Logo REKOM - Trcim za rekom

Промоција на РЕКОМ преку спортски активности

Подготовките за учество во полумаратоните во БиХ и Хрватска и маратоните во Црна Гора и Словенија започнаа во јули 2013, со печатење маички, силиконски алки и плакати со натпис „Трчам за РЕКОМ“, како и леток за процесот РЕКОМ на босански, хрватски, српски, црногорски и словенечки јазик. Здружението за транзициска правда, одговорност и сеќавање БиХ (ТПОС)на почетокот на септември организираше две улични акции (7-ми и 14-ти септември 2013) повикувајќи ги граѓаните да учествуваат во трката „Трчам за РЕКОМ“ на 15 септември 2013 во Сараево. Во трката учествуваа 15 активисти на Коалицијата за РЕКОМ од Србија и околу 150 учесници од БиХ. Маичките со натпис „РЕКОМ“ носеа околу 170 учесници на полумаратонот во Сараево. Ерол Мујановиќ, директор на Сараевскиот маратон, оцени дека манифестацијата се одвиваше во знак на поддршка на Иницијативата за РЕКОМ. Акцијата „Трчам за РЕКОМ“ е претставена на 21 и 28 септември 2013 година, на Плоштадот на Јосип Јелачиќ во Загреб. Во трката, одржана во рамките на Загрепскиот маратон на 13 октомври 2013г., околу 100 учесници носеа маички „Трчам за РЕКОМ“. Во Љубљана и Подгорица, акцијата „Трчам за РЕКОМ“ се одвиваше во рамките на локалните маратони, на 27 октомври 2013. Во Подгорица, учениците од средните училишта трчаа во маици „Трчам за РЕКОМ“.

Го поддржувам РЕКОМ – Скопје 21.9.2013

 

 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.