13.06.2014.
“Трчам за РЕКОМ”- Промовирање на идејата за помирување и соочување со минатото
Да не дозволиме да се повторат конфликтите и злосторствата што се случуваа на територијата на поранешна Југославија во периодот од 1991 – 2001 година! Да се направи попис на жртвите и да им се оддаде почит ним и на семејствата кои изгубиле свои блиски во тој период. Да се зборува, да се дебатира и да се соочиме со минатото – само така ќе може да се дојде до вистинско помирување и правда. Ова беше апелот кој произлезе од вчерашната дебата и конференција за печат, во рамките на Процесот РЕКОМ во Македонија.
Повод за денешната дебата и конференцијата за печат е вклучувањето на Коалицијата за РЕКОМ во Скопскиот маратон на 11 мај 2014 година. Центарот за истражување и креирање политики е партнер за имплементација на регионалниот проект „Зајакнување и поддршка на Процесот РЕКОМ„ во Македонија. Оваа година Коалицијата за РЕКОМ се вклучува во улични акции за прибирање на потписи за поддршка на РЕКОМ, како и во Скопскиот маратон на 11 мај 2014, под мотото „Трчам за РЕКОМ„. Целта на овие јавни акции е промовирање на идејата за помирување и соочување со минатото во јавноста, а особено помеѓу младите, кои се една од целните групи на акцијата.
Главната цел на проектот е развивање на култура на почитување на човековите права во пост-југословенските земји, преку зајакнување на процесот РЕКОМ, чија цел е утврдување на регионален пристап кон минатото, базиран на факти и помирување помеѓу различни заедници, групи и институции, кои беа засегнати од конфликтите во Западен Балкан од 1991 до 2001 година.
Говорници на конференцијата за печат беа: Петранка Делова Миладинова – локална заговарачка за РЕКОМ, Жидас Даскаловски – јавен заговарач за РЕКОМ, Ген. Илија Николовски – Здружение на ветерани од одбраната и безбедноста на РМ, Абедин Зимбери – Здружение на воени ветерани на УЧК.